Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Во сабота официјално почнува зимата

Во сабота официјално почнува зимата

19.12.2013

Во сабота, на 21 декември 2013 година, во 18 часот и 11 минути, во Република Македонија и на северната полутопка почнува зимата, а на јужната полутопка започнува летото. Воедно, саботата на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица). Во Република Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (21.12-22.12), ќе биде најдолга за 2013 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути. Веќе од недела (22.12), ноќите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат деновите и тоа до 22 јуни 2014 година. Според среднорочните прогнози на AccuWeather, оваа зима ќе биде малку постудена од просекот за нашите подрачја, особено во месеците јануари и февруари, кога се очекуваат поголеми врнежи од снег.
Зимата астрономски ќе заврши на 20 март 2013 година во 18 часот и 57 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица) и во тој момент ќе почне пролетта. Инаку, во саботата, Земјата ќе биде во перихел – најблиску до Сонцето (на околу 147 милиони км), што особено ќе го почуствуваат жителите на јужната полутопка преку високите летни температури во тој дел. Деновиве, интересна појава е изразито светлата Венера која се гледа на западниот хоризонт по заоѓање на Сонцето, што предизвикува внимание и восхит.

Ви посакуваме на најубав начин да ја искористите најдолгата ноќ во 2013-та година од речиси 15 часа!

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2486 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger