Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Ѓаволски Водопад

Ѓаволски Водопад

Ѓаволски ВодопадПланината Беласица е позната по повеќето водопади, како Смоларскиот, Колешинскиот и Габровскиот Водопад. Еден од помалку познатите и потешко достапните  е Ѓаволскиот Водопад, кој заразлика од останатите кои се наоѓаат на северната страна на планинскиот масив, овој водопад се наоѓа на западната страна на Беласица. Од градот Валандово е оддалечен 16, 5 км. и се наоѓа на надморска височина од 580м. Ѓаволскиот водопад како и останатите има тектонско потекло, а е изграден на Калдрма Дере (Калдрма Река) или попознато како една од притоките кои ја формираат Башибоска Река. Вкупниот вертикален отсек на водопадот изнесува 19 метри. Самиот водопад има изградено џиновски лонец со димензии 2,7м ширина и 6,5 м должина, додека вкупната длабочина измерена при теренските истражувања изнесува 2,5 метри. Во текот на летниот период протокот на Калдрма Дере е минимален додека во текот на пролеттниот период протокот се зголемува за неколку пати. Поради големиот проток кој што го има реката во текот на овој период како и поради силната бучава која што се создава при падот на водата, така го добил и името Ѓаволски Водопад.

Калдрма Дере

Овој водопад до неодамна беше познат само за локалното население, а благодарејќи на Планинарското Друштво „Југ“, за обележување на патеката до водопадот, е овозможена поголема достапност. Иако е обележана патеката, сепак е потребно поголемо уредување за поголема достапност на љубителите на природата.

 

 

Автор: Глигорије Џилвиџиев дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 4324 пати!

Автор:

Од категорија: Чудесна Македонија

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger