Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Изведена интересна тридневна (26-28.03.2014) теренска настава низ Бугарија

Изведена интересна тридневна (26-28.03.2014) теренска настава низ Бугарија

30.03.2014

Teren-geografiВо рамките на претходно планираните активности, на 26, 27 и 28.03.2014 година, со студентите на Институтот за географија – насока ГИС (Географски информациски системи), беше изведена тродневна теренска настава низ Република Бугарија. Релацијата на теренската настава беше Скопје-Софија-Пловдив-Пампорово-Рожен-Велинград-Банско-Благоевград-Скопје. Главна цел беше посета на неколку врвни институции во Бугарија кои се занимаваат со проблематиката на ГИС, ГПС технологии, далечинска детекција, сателитски снимки и друго. Првиот ден беше посетен Институтот за космички истражувања и технологии (ИКИТ) во Софија, единствен од таков вид на Балканот. За време на посетата бевме седечно пречекани од заменик-директорот на Институтот, проф. д-р Румен Недков кој одржа предавање и презентација за работата на овој институт, неговите резултати и достигања. Во попладневните часови, по заминувањето од Софија, DSC_0095пристигнавме и кратко се задржавме во центарот на градот Пловдив, втор по големина во Бугарија (речиси колку Скопје). Вечерта пристигнавме во зимскиот туристички центар Пампорово, во срцето на Родопите, каде се сместивме во прекрасниот хотел и спа ресорт Мургавец. Следниот ден, уште во претпладневните часови ја посетивме втората предвидена институција, Националната астрономска опсерваторија (НАО) кај врвот Рожен, која исто така е во склоп на Бугарската Академија на науките. Опсерваторијата, изградена во 1970-тите години се наоѓа на надморска височина од 1850 м и се смета за најголема на Балканскиот Полуостров. Всушност, тоа е цел комплекс составен од една голема и неколку помали кули со телескопи, голема метеоролошка станица, автоматска станица за мерење на хемизмот на воздухот и сл. Овде, го посетивме главниот центар со 2-метарскиот телескоп (толку е пречникот на огледалото) кој врши набљудувања на ноќното небо, блиските и далечните небесни објекти, нивна каталогизација, следење на потенцијално опасните астероиди и слично. По ИКИТдеталната презентација од астрономскиот оператор и разгледување на метеоролошката станица, продолживме низ преубавите и восхитувачки предели на Родопите до градот Велинград. По кратка пауза во овој град, вечерта стигнавме во Банско и убавиот спа-центар Маунтан Дримс, каде по сместувањето се изведе работна средба на студентите со наставниците со осврт на теренската и одредени стручни теми. Последниот ден, по кратко разгледување на некои содржини во Банско и околината, го посетивме Благоевград, а од тука преку Ќустендил се доцните попладневни часови се вративме во Скопје.

НАО-РОЖЕНТеренската настава, под раководство на д-р Ивица Милевски и помош на наставниот кадар д-р Благоја Маркоски, д-р Олгица Димитровска, д-р Иван Радевски и Владимир Златановски, беше целосно успешно реализирана, за што свој придонес секако имаа и студентите од сите 4 години. Покрај официјалниот дел, имавме одличен престој и сместување во двата прекрасни спа-хотели од висока категорија (во Пампорово и Банско) и тоа по навистина пристапна (студентска) цена. Особено задоволство беше ретката можност да се видат уникатните планински пејсажи, шуми, реки, езера на Родопите, потоа Рожен со најголемите телескопи на Балканот, а сето тоа споено со практичното користење на ГПС уредите и геоинформациските технологии. Поради сето споменато, се надеваме дека оваа теренска настава набрзо ќе се повтори.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*