Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Хаваите – од обичен вулкан до рајски острови

Хаваите – од обичен вулкан до рајски острови

13.04.2014

Havajski 1Од обичен вулкан до рајски острови или како што Хаваите се уште познати по ВРАТАТА НА ПЕКОЛОТ ВО ТРОПСКИОТ РАЈ. Хаваите се појавиле од морето пред милиони години, притиснати од моќта на вулканите. Денес Националниот парк на вулканите на Хавајските Острови е еден од ретките места во светот каде што посетителите можат да видат активен вулкан. Околу 125 области под земјината површина, научниците ги нарекуваат „врели точки“ бидејќи исфрлаат повеќе лава од било кои други места. Хавајската врела точка (hot spot) која исфрла магма 70 милиони години наназад, е една од најголемите во светот. Како непресушна фонтана, со постојаното исфрлање лава, таа ги создала денешните Хавајски острови. Врелата точка е „неподвижна“, но Пацифичката плоча не е, бидејќи се поместува на северозапад со брзина од околу 10 cm годишно. Лавата се излева низ пукнатините на плочата, а со нејзиното таложење низ илјадници години, на површината на водата се појавувал еден по друг остров. Проценето е дека најстарите острови настанале пред 25 милиони години. Големиот остров е најмлад, создаден пред 750.000 години и на него сеуште е присутна вулканска активност. На 48 km југоисточно од Големиот остров во тек е создавање на нов остров – Лоихи. Моментално е 0,8 km Havajski 2под површината на водата, а појавување на површината може да се очекува за 2000 до 20.000 години, во зависност од интензитетот на вулканските активности. Најпознати вулкани на Хаваите се: Мауна, Лоа, Мауна Кеа и Килауеа. Вулканот Килауеа е еден од најфантастичните чуда кое сеуште исфрла лава и благодарение на тоа островот постојано расте. Вулканот е прогласен за национален парк во 1916 година. Поради сето ова Хаваите имаат огромен број туристи, авантуристи, вулканолози, истражувачи и одамна се прогласени како светско одмаралиште. Годишно, жителите на Хаваите имаат профит од неколку милијарди долари благодарение на морето, сонцето, палмите, вулканите и погодната клима. Исто така поради огромниот развој на економијата, жителите го запоставиле обработувањето на една третина од островите, па затоа во продавниците може да се купат исклучиво производи со американско потекло. Сепак, Хаваите остануваат запишани во сите хроники по најбројните туристички посети на светот. На Хаваите не останале рамнодушни ни големите нафтени, филмски и индустриски дејности, а во внатрешноста на островите се истражуваат наоѓалишта на злато и дијаманти. Недалеку од Хавајските брегови се наоѓаат големи нафтени платформи, а на плажите, како Ваикики, се снимени многу оскаровски дела. Целата рајска убавина се состои и од водопадите на Хаваи. Водопадите се релјефен украс на островите и некој од нив се запишани во Гинисовата книга на рекорди поради својата височина. Тоа е природна убавина по која Хаваите се помалку познати, но главно повеќето се наоѓаат во внатрешноста на островите која е со бујна флора и фауна што ви го откриваат светот на огнените вулкани, бујната шума и прекрасните плажи. Бескрајната романса на Хаваи го прават да биде привлечна дестинација за крстарење. Голем број растителни и животински видови се ендемични и не може да се најдат во ботанички градини. Големата оддалеченост на Хаваите од другите континенти, условила разновидниот жив свет на овој остров да дојде на повеќе начини: по пат на ветер, бранови, со помош на птици, инсекти и се друго што дошло со нив. За Хаваите е карактеристично тоа што имаат повеќе загрозени билки и животни од која било друга држава, а исто така имаат и најголем процент на изумрени ендемски видови во САД.

Уште еден феномен кој плени со својата убавина е Националниот парк на Хавајските вулкани. Овој парк е еден од 58 национални паркови во Соединетите Американски Држави и се смета за најатрактивен во САД. Во него се наоѓаат вулканот Килауеа, еден од најактивните вулкани на светот и Мауна Лоа, најголемиот светски вулкан. Тие им овозможуваат на научниците увид во настанувањето на сите Хавајски острови, а на посетителите величенствени сцени и пејсажи. Благодарение на природните вредности, Националниот парк на Хавајските вулкани во 1980 година е прогласен за меѓународен резервоар на биосфера, а потоа во 1987 година е запишан во UNESCO пописот на светски градини.
На островите секогаш е живо, а веселите жители на Хаваите секоја вечер прават традиционални лаулау журки на кои се ужива во тропски коктели, се игра традиционален хула танц и се ужива во изборот на традиционално подготвените лаулау прасиња или пилиња. Највесело е за време на Merrie Monarch фестивалот кој секоја година се одржува во градот Хил. Целонеделната прослава на уметноста на хула танцот, кој за населението има ритуално значење, започнува на Велигден, тогаш сите училишта за хула танц доаѓаат на Хаваите, каде низ музика и танц ја почитуваат традицијата истовремено забавувајќи ги туристите. Хавајските острови се дестинација која мора да се посети!

Извори:
• http://www.gohawaii.com/statewide/discover/essential-
• http://en.wikipedia.org/wiki/Hawaii
• http://www.dgt.uns.ac.rs/itut/hawaii/ohavajima.html
• http://bs.wikipedia.org/wiki/Hawaii
• http://www.pressonline.rs/plus/kofer/21678/veliko-ostrvo-havaji-vrata-pakla-u-tropskom-raju-.html
Подготвила:
Билјана Бабаноска, насока ГИС

Објавено од:

Од категорија: По Светот

Leave a Reply

*