Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Нов географски атлас на Светот од издавачката куќа Просветно Дело

Нов географски атлас на Светот од издавачката куќа Просветно Дело

18.09.2014

AtlasНеодамна, во издание на Просветно Дело од Скопје, од печат излезе новиот Географски атлас на светот на македонски јазик. Атласот е во стандарден формат за ваков тип изданија (проширен А4), на 96 страници во колор. Се состои од 32 големи (двострани) физичко-географски карти, 56 тематски карти, повеќе специјални 3Д прикази и профили, потоа основни податоци за секоја држава и други дополнителни прилози. Освен печатениот дел, атласот содржи ЦД диск на кој електронски е претставена целокупната содржина. Интересно е што сите карти се изработени со посебна софтверска технологија, преку користење на прецизни 3Д модели на релјефот на копното и морското дно. Секоја карта е дадена во точно одредена и наведена проекција во зависност од формата на регионот или државата и начинот како се прикажани, додека размерот е пресметан софтверски и наведен на соодветното место. Картите немаат типична бела рамка, туку се протегаат до краевите на страницата. Посебно место во атласот има делот за Република Македонија кој е работен и одобрен во согласност со Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија. Самиот начин на изработка е според тематско-дигиталниот, ГИС-базиран пристап, за оваа потреба развиен и реализиран од д-р Ивица Милевски, професор на Институтот за географија при ПМФ во Скопје. Примената на најсовремена ГИС-технологија, освен одличниот визуелен ефект, ќе овозможи лесна корекција, промена на размерот, големината, приказот на картите, бришење или дополнување на дигиталните елементи на картите во атласот и останати измени неопходни за следните изданија.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*