Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија » Ски центарот Кожуф – место кое ќе ве воодушеви!

Ски центарот Кожуф – место кое ќе ве воодушеви!

22.11.2014

skikozufКожуф е планина која се наоѓа на границата помеѓу Македонија и Грција. Највисок врв на Кожуф е Зеленбег висок 2.176 метри. На само 210 км од Скопје и 130 км од Солун – на југот од земјата се наоѓа најмладиот ски центар во Македонија – Кожуф. На Кожуф се создава еден од најелитните Ски центри во Југоисточна Европа и многу пошироко. Пространите скијачки терени подготвувани скоро десетина години, а сега покриени со снежна покривка од еден метар, местоположбата и природните ресурси со кои располага планината Кожуф ветуваат дека овој ски центар ќе стане нова атрактивна зимско-туристичка дестинација во Македонија. Првиот ден од скијачката сезона на ски центарот Кожуф привлече голем број посетители од целата земја. Посетителите на топлото сонце уживаат во скијањето и сурфањето по скијачките терени. Досега во скијачкиот центар Кожуф, кој се протега на површина од 2.000 хектари, се инвестирани повеќе од 12 милиони евра во пристапниот пат од кај Гевгелија, далноводот, шестоседната жичарница, ски лифтот и неколку придружни објекти. Освен во зимскиот период, Кожуф е примамлив и во останатиот период од годината. Летниот дел со јавање на коњи, со планински велосипеди, браната на реката Точница која е предвидена за риболов и кајак и многу други авантури. Се е приватна домашна инвестиција, а со државни пари се прошири патот од Гевгелија до ски центарот Кожуф. Најновиот македонски ски-центар пред неколку години ги отвори вратите за скијачите од Македонија и од Грција. Според сопствениците на комплексот, Кожуф ќе израсне во елитен скијачки центар во овој дел на Балканот. Постои и приказна за ски-центарот Кожуф, која ја изнесува причината за неафирмираноста на Кожуф до неодамна-до доцните 80-ти години од минатиот век било напуштено место по немирите во пограничниот појас за време на граѓанската војна во Грција. Низ планината се движеле само овчари, кои на коњи се пробивале до планинските бачила, јавајќи по стари воени патишта од Првата светска војна. Идејата почнала да се развива од 1990 година. Најпрвин направиле испитувања на климатските услови за изградба на ски-центар и студија за природните богатства на планината. Оттогаш е финансирана подготовката на генерален и детален урбанистички план. Во 2002 година се продадени 55 хектари земјиште, а само за почеток се вложени 9 милиони евра за изградба на жичницата, за подземен далновод и за патот од Смрдлива Вода до Ски центарот Кожуф. Кожуф е прв ски центар на Балканот со изградена жичница-шестосед, од врвен австриски производител. Од поблиските земји, поголема има само во Австрија, осмосед. Сега капацитетот е да се пренесуваат по 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичницата. Чистиот воздух, сонцето и природните убавини се она што најмногу ги плени посетителите на Кожуф. Овде може да се поминат неколку незаборавни денови во кое телото и душата ќе се исчистат од сите негативни енергии кои се насобрале во текот на годината.

Извори: http://www.mn.mk/kultura/783
http://vecer.mk/ekonomija/preku-kozhuf-makedonija-seriozen-konkurent-vo-svetskiot-turizam
http://makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=930%3A2009-12-05-17-01-41&catid=139%3A2009-08-26-13-19-34&Itemid=400&lang=mk
http://www.gevgelija-tourism.com/index.php?id=10

Изработиле: Славица Тенекиџиева и Тоше Тановски

Оваа статија е прочитана 3114 пати!

Автор:

Од категорија: Чудесна Македонија · Tags: , , , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger