Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

Адреналинските паркови можат да бидат привлечни и барани атракции во Македонија

23.12.2014

Адреналинските паркови претставуваат поставени и уредени спортско-рекреативни содржини во природа, кои се протегаат на релативно мал простор (обично неколку стотици м кв. до неколку хектари). Се состојат од разни премини преку јажиња, јажени висечки мостови, сајли, високи платформи и сл., при што се јавува силна возбуда, понекогаш страв, но и задоволство кога ќе се заврши патеката. Адреналинските паркови не бараат големи инвестиции, а се изразито барани кај туристите желни за адреналинско и авантуристичко доживување. Секако, за нивно поставување има строги сигурносни и други стандарди кои мора да се почитуваат. Во Република Македонија, речиси секој рекреативен туристички локалитет со сместувачко-угостителски капацитет може да постави адреналински парк со разни степени на тежина за возрасни или деца. Сепак, обично тоа се практикува во локалитети лоцирани во шумски подрачја, на чист воздух и подалеку од градските средини. Со адреналинските паркови, при мали вложувања (неколку десетици до стотина илјади евра), ќе се збогати понудата на одреден туристички центар, како и интересот за негова посета.
До сега во Република Македонија има само неколку обиди за поставување на адреналински паркови според утврдените безбедносни и технички стандарди. Од друга страна, во соседните земји, овој тренд значително напредува, па така во овие држави веќе има десетици адреналински паркови. Во регионот, состојбата е уште понапредна во Словенија, каде адреналинските паркови привлекуваат десетици илјади туристи, а се остварува приход од неколку милиони евра.
Еден од најинтересните вакви паркови во Словенија, кој може да биде пример за тоа како може со релативно мали средства да се постави адреналински парк и кај нас, е Крвавец.

Крвавец се смета за еден од најдобро сочуваните и посетени адреналински паркови во Словенија. Ова место станува се поатрактивно и во текот на летниот период ,додека во зимскиот период има свој сопствен скијачки центар. Овој парк нуди можности за игра, разни активности и забава на отворено. Паркот е наменет за млади луѓе , рекретативци или поединци како и групи и семејства. Постои разновидна понуда на активности во Крвовец од кои најпознати се:
Авантуристички парк: Ова претставува авантуристичко патување со специјално изградена патека која е изградена низ шумата. Овој полигон поврзува дрвја, меѓу кои се наоѓаат различни направи за качување и се подредени на различни нивоа на тежина, кои посетителите се обидуваат да ги надминат и да се забавуаат.
Планински картинг и скутери: Оваа атрактивност никако не смее да се пропушти. Претставува забавно спуштање по макадамски пат, на кој се наоѓаат пропратни планински мапи. Алпинистичка кула: Оваа кула им овозможува на посетителите забавни игри, предизвици и проби во спортското качување. Таа се состои од различни комплексности од сите четири страни. Таа е поставена од најлесна кон најтешка насока.
Трамполини: Скокачот на трамполини постигнува ниво кое овозможува атрактивни и високи скокови. Забавата е многу голема бидејќи при скокањето скокачот има поглед на целата долина.

Извор: http://www.rtc-krvavec.si/si/aktivnosti/poleti/poletni-park-krvavec
Изработиле: д-р Ивица Милевски и Адријана Стоименовска

Оваа статија е прочитана 2544 пати!

Автор:

Од категорија: На тема · Tags: , , , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger