Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Во сабота, 21 март, МГД организира семинар за наставниците по географија

Во сабота, 21 март, МГД организира семинар за наставниците по географија

14.03.2015

seminar2Согласно програмските активности, претседателството на Македонското географско друштво на ден 21.03.2015 година (сабота) во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во терминот од 10 до 14 часот организира стручен семинар за наставниците и професорите по географија во основните и средните училишта. Семинарот е наменет за стручно усовршување на наставниците во основните и средните училишта по предметот географија. Главни теми за расправа се:

  • Природните науки и географијата и
  • Географијата и глобализацијата

За семинарот се предвидени следните предавачи и теми:

Проф. д-р Благоја МАРКОСКИ
Компетентност на географите за одржување на наставата од предметот природни науки со примери од картографија.

Проф. д-р Ивица МИЛЕВСКИ
Презентација на содржините поврзани со Земјата во вселената во предметот природни науки.

Проф. д-р Олгица ДИМИТРОВСКА
Менување на природата и животната средина со процесите на урбанизација, индустријализација, инфраструктура и други склопови.

М-р Горан КИТЕВСКИ
Европа и Европската унија низ процесите на глобализацијата.

Во интерес на вашето перманентно образование искрено Ве очекуваме, а во контекст на целта која ја имаме претседателството на Македонското географско друштво го замолува директорот на вашето ценето училиште да ги превземе потребни-те мерки и да Ви овозможи учество на овој семинар.
Македонското географско друштво за непосредното учество на семинарот издава соодветен сертификат.

Претседател на Македонско географско друштво,
проф. д-р Благоја Маркоски

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*