Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Пропозиции за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта!

Пропозиции за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта!

14.03.2015

Претседателството на Македонското географско друштво во соработка со регионалните друштва, советниците по географија, наставниците и професорите, традиционално организира натпревари по географија. Во учебната 2014-2015 година натпреварите по географија ќе се одржат на училишно, општинско, регионално и државно ниво. Согласно одлуката на Македонското географско друштво за натпреварите по географија се предвидени следните теми:

Теми за натпревари за основно образование:

  • Содржините од учебникот за осмо одделение кои се однесуваат на Европа

Теми за натпревари за средно образование:

  • Содржини од учебникот за средно образование кои се однесуваат на географијата на Република Македонија за втора година гимназија.

Теми за натпревари за средно стручно образование:

  • Содржините од учебникот по географија од средно стручни училишта.

Напомена: Во зависност од бројот на пријавени натпреварувачи од средните стручни училишта натпреварот ќе се организара со тест или со конкретно поставени прашања.
Регионалните натпревари по географија се предвидува да се одржат на 18 Април 2015 година.
Државниот натпревар по географија ќе се одржи на 8-9 Мај 2015 година. Тестирањето ќе се спроведе на 8-ми Мај.

Свечено отварања на Државните натпревари по географијаНатпреварите ќе се реализираат со решавање на тест (освен за средните стручни училишта каде може да биде поинаку).
Местото на одржување е по општини, односно региони, а за местото на одржување на државниот натпревар ќе бидете дополнително известени.
На регионалните, односно општинските натпревари можат да земат учество максимум по пет ученици од секое училиште. Тестовите за општинските, односно регионалните натпревари ќе бидат подготвени и дистрибуирани со помош на советниците по географија или претставници на Претседателството на МГД.
Тестовите за државниот натпревар се во надлежност на Претседателството на Македонското географско друштво. Право на учество на државните натпревари имаат учениците кои освоиле прво и второ место на општинските, односно регионалните натпревари односно по двајца ученици од општините според административно територијална поделба со 34 општини: Берово, Битола, Брод, Валандово, Виница, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Делчево, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Скопје (Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош, Чаир), Тетово, Велес и Штип. Во рамките на Скопје право на учество на државниот натпревар имаат првите 10 до 15 ученика (зависно од освоените бодови), без подвојување по општини. Награди ќе бидат доделени за освоено прво, второ и трето место за сите три групации на уче-ници, како и три освоени награди врз основа на процентот на освоени бодови. Наградите се единствени без било какво подвојување на учениците. Напомена: Молиме координирајте се со своите колеги од училиштата од Вашата околина и разменете информации во врска со натпреварите по географија како би имале помасовно учество на учениците на истите.

Претседател на МГД,
Проф. д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 4495 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

2 одговори на "Пропозиции за одржување на натпреварите по географија за ученици од основните и средните училишта!"

  1. Пане Перуновски says:

    Почитувани. Ако може да споделите информации околу начинот на пријавување и дали за средно образование смеат да учествуваат исклучиво ученици од втора година или натпреварот е отворен за сите? Благодарам.

  2. Смаил says:

    За кои делови на натпреварот за 8 одделение за Европа треба најмногу да се обрни внимание???

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger