Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Повик за учество на 5-тиот Конгрес на географите од Република Македонија!

Повик за учество на 5-тиот Конгрес на географите од Република Македонија!

30.03.2015

Претседател на Македонско географско друштво, Проф. д-р Благоја МаркоскиМакедонското географско друштво како општествена организација во чиј состав влегуваат сите дипломирани географи, егзистира над 65 години. Во рамките на својата историја до сега имало активно учество во сверата на организацијата на научни собири со меѓународно учество, така што негови членови учествувале на 13 конгреси на географите од поранешна Југославија, од кои 8-миот Конгрес беше токму во организација на Македонското географско друштво. Во независна и самостојна Република Македонија Македонското географско друштво согласно Статутот, на секои 5 години организира Конгрес на географите од Република Македонија со меѓународно учество.
Од другите активности неминовно е да се споменат организацијата на научни симпозиуми (исто така со меѓународно учество) кои се организираат најмалку еднаш во меѓуконгресниот период. Македонското географско друштво редовно го издава научното списание Географски разгледи (последниот број датира од минатата 2014 година по број 46-47). Секоја година Македонското географско друштво организира училишни, регионални и државни натпревари за учениците од основното и средното образование, така што до сега се одржани 35 натпревари по географија. Македонското географско друштво секоја година организира Стручен семинар за наставниците од основните и средните училишта во Република Македонија.Оваа година се одржа 26-от Семинар за наставниците по географија.
Во смисла на наведените програмски активности оваа година во периодот од 26-27 септември ќе се одржи 5-тиот Конгрес на географите од Република Македонија. Конгресот ќе се одржи во Скопје, а подетални информации има во првото соопштение.
Со благодарност до повозрасните и сегашните генерации географи, срдечно ве поздравувам и искрено ве поканувам да бидете учесници на 5-от Конгрес на географите од Република Македонија со меѓународно учество, со цел да оставиме нешто и отвориме пат на идните генерации географи од нашата држава и пошироко.

Првото соопштение за Конгресот, како и формуларите за регистрација и подготовка на научен труд, можете да ги најдете на следниот линк.
Председател
на Македонското географско друштво,

Проф. д-р Благоја Маркоски

Оваа статија е прочитана 5605 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger