Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Отворено... » Зошто да не се отвори рудник во Валандовско!?

Зошто да не се отвори рудник во Валандовско!?

Валандовската Општина го зафаќа југоисточниот дел на Република Македонија. Во целост е сместена во Валандовската Котлина, која иако од сите страни е заградена со планински гребени, благодарение на долината на реката Вардар и на доминантните превои кон Струмица, Дојран, таа е лесно пристапна и комуникативна, не само со соседните котлини, туку и за многу поширок географски простор. Функционалната поврзаност на општината е условена од природните услови, од една страна, а од друга од социо-економските фактори. Природните карактеристики овозможуваат развој на земјоделството, а воедно и овој простор го прави еден од наја11157219_10205171372301887_389429703_oграрните простори во нашата држава. Во него се застапени скоро сите растителни видови кои се карактеристични за Република Македонија, како и одредени земјоделски видови кои се карактеристични само за Валандовскиот регион, како калинките, смоквите и јапонските јаболкa.
Од неодамнешните анализи на геолошкиот состав на подрачјето околу селото Казандол е констатирано дека е застапена бакарната руда. Инвеститор кој сака да ја експлоатира оваа руда е САРДИЧ МЦ ДООЕЛ експорт импорт-Скопје. Истата компанија освен тоа што сака да ја експлоатира рудата, сака и да отвори топилница за преработка на рудата во Катоден Бакар. Вкупната површина на која што треба да се наоѓа изнесува 283, 461 ха, а истата од државно земјиште треба да се преименува во Г-Производство, дистрибуција и сервиси, односно посебна класа на намена Г1-Тешка и загадувачка индустрија. Местоположбата на лежиштето на оваа руда е на само неколку стотици метри од селото Казандол, а од градот Валандово е на околу еден километар воздушна линија. Во тој контекс се прикажани некои од последиците кои неминовно би се случувале со експлоатација на рудата и нејзина преработка.
-Воспоставувањето на рударските активности ќе се имплементираат на амбиентниот воздух, односно ќе има одреден товар врз воздухот за дишење.Освен појавата на прашина поради дробењето на карпите (механичка обработка) би се појавила и емисија на штетни гасови како CO2 , SO2 и др. од процесот на топење на рудата, како и од зголемената присутност на механизацијата и сретствата за транспорт.
-Самиот процес на топење на рудата има потреба од големи количини на вода. Селото кое што е во непосредна близина на рудникот до пред само неколку години немаше вода за пиење, истиот проблем е решен со артерски бунар. Иако би се ископале и артерски бунари за исцрпување на водата, сепак оскудноста која ја има овој регион од вода посебно во летниот период каде што претежно се користи за наводнување на земјоделските површини би напривил голем проблем како на самото производство така и врз земјоделието. Кај тешката индустрија во светски рамки се користат води од втор степен на загаденост, обично тоа се води од некои реки или езера. Немајќи таков поголем воден објект кој би можел да се користи за таа цел, би значело дека во самото производство би се употребувала вода која е од прва класа односно вода која се употребува за пиење. Друг проблем кој би се појавил би бил и испуштањето на веќе употребената вода од производството. Односно со нејзиното испуштање независно дали е во некој вештачки направен базен или во некој веќе постоечки воден тек, би било еколошка катастрофа како за самиот речен тек како и за растителниот и животинскиот свет. Иако во самиот нацрт план се кажува дека таа вода би се испушталаа во вештачко изградени базени не е исклучена можноста истата вода да ја користат дивите животни во природата па да дојде до нивно труење. При самото испуштање на водата ќе дојде и до загадување на почвата, а загадувањето на почвата во спротивност на веќе кажаното би значело неможноста за одгледување на еколошки култури растенија карактеристични за овој крај.
-Валандовско е карактеристично и по тоа што е едно од подрачјата во Р. Македонија кој што е сеизмички активно. Низ самата котлина поминуваат неколку млади неотектонски раседи, особено раседот кој што поминува долж јужниот раб на котлината каде што би се наоѓал и овој рудник. Па со самото тоа не е исклучена можноста при некое сеизмичко движење токму на овој регион да дојде до некоја поголема хаварија, односно до истекување на водата која што се користи во самиот процес која што е богата со сулфурна киселина.
-Во самиот процест на ископување на рудата како и при процесот на дробење на истата, голем проблем е бучавата. Бучавата не би била толку голем проблем доколку самиот рудник не се наоѓа на толку мала близина до населените места.
-При технолошкиот процес на преработка на рудата, би се појавиле големи количини на индустриски (технолошки) неопасен и опасен отпад кој ќе треба некаде да биде исфрлен. Односно самата јаловина ќе придонесе до загадување како на почвата така и на површинските и подземните води.
На Општина Валандово ни во историјата ни сега не и била потребна тешката и загадувачка индустрија, отпочнувањето на таков тип на индустрија освен што не е во интерес на жителите на општина Валандово, нема ни посебен државен интерес.

Автор: Глигорије Џилвиџиев, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 6497 пати!

Автор:

Од категорија: Отворено...

Leave a Reply