Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Утре започнува летото. Не очекуваат доста жешки и сушни летни месеци!

Утре започнува летото. Не очекуваат доста жешки и сушни летни месеци!

20.06.2015

жешко летоУтре (недела), на 21 јуни, во 18 часот и 38 минути, на 171-виот ден во годината, на северната полутопка и во Република Македонија почнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка, оваа недела ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден. Така, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 12 минути. Денот ќе трае цели 15 часа и 14 минути, а ноќта само 8 часа и 46 минути. Веќе од понеделник (22.06), деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум (зимска краткоденица) на 21 декември 2013 година. Поради елипсоидната форма на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава. Така, во најјужните делови на Македонија (во правец на Битола), денот ќе трае 15 часа и 5 минути, а во најсеверните делови (над Крива Паланка) ќе трае 15 часа и 17 минути. На екваторот, денот и ноќта ќе траат подеднакво по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта. Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 23 септември во 10 часот и 21 минута (по средноевропоско време кое е официјално и во Македонија), кога на северната полутопка ќе почне есента.

Прогнозите на големите светски метеоролошки центри, укажуваат дека оваа лето на Балканот и во Македонија ќе биде доста топло, слично, ако не и потопло од 2012 година. Причина за тоа е глобалната циркулација на воздушните маси и феноменот Ел Нињо, како и локациите на т.н. минимуми и максимуми над Европа и Африка. Особено топло ќе биде кон крајот на јули и во август. Спротивно на тоа, во северниот дел на Европа, летото ќе биде просечно топло, врнежливо и со чести временски непогоди. Овие прогнози се во согласност со сценаријата и проценките за климатските промени во овој дел на Европа. Затоа планирајте каде и како ќе се разладувате, но воедно внимавајте на претераната изложеност на високите температури и УВ зрачење, кое често ќе се искачува над ризичниот индекс 9!

Извор: http://www.accuweather.com

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 5472 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger