Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Знамето на Република Македонија

Знамето на Република Македонија

30.11.2011. Автор: Методиј Богоевски.

Националните знамиња, кои се уникатен симбол на секоја независна држава, се и променлива категорија. Историјата на истите, познава бројни такви примери, при што некои знамиња подолго време се задржале и се актуени како такви (национални), додека други се ,,испратени” во исто-ријата, и се заменети со нови. Во најголем дел од случаите промената на националното знаме е резултат на стекнувањето независност на соодветната држава, но исто така постојат и други причини за тоа. Впрочем, секое национално знаме си има своја историја, и засебни причини за негова промена. До денес, најстаро државно знаме кое не претрпело никакви промени е знамето на Данска. Наспроти овој редок пример се бројните национални знамиња, кои во употреба се не повеќе од петнаесетина години. Еден таков, покарактеристичен пример во светски рамки е националното знаме на Македонија, кое во еден релативно краток период имаше три такви варијанти, односно претрпи две промени (со осамстојувањето во  1991 и под грчкиот политички  притисок во 1995 го-дина).
До 1991 година, кога Социјалистичка Република Македонија беше дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија, знамето беше црвено со ѕвезда (петокрака-која беше незаобиколен симбол кај сите социјалистички републики) во горниот лев агол.

Од 1991 до 1995 година, откако на 8 септември 1991 година, на референдум е изгласана независност на Македонија од СФРЈ, како симбол на знамето се употребуваше Сонцето од Кутлеш (од 1922 година грчки назив за Кутлеш е Вергина). Имено во 1977 година, во Кутлеш, после археолошките испитувања предводени од грчкиот археолог Манолис Андроникос, беше откриен гроб за кој се претпоставува дека е од таткото на Александар, Филип II Македонски. На истото место беше пронајден и древниот македонски симбол шеснаесет-зрачното сонце или познато како Ѕвездата од Кутлеш. Инаку овој симбол може да се види и на многу други места низ Македонија, како што се цркви, фрески, икони, монети и сл. Овој симбол ставен на црвена основа го претставува етничкото знаме на Македонците и е употребувано секаде каде живеат етнички Македонци, а истото беше знаме на Република Македонија, до 1995 година.

Употребата на знамето со Сонцето од Кутлеш, своевремено доведе до масовни протести во соседна Грција, поради наводните ”ексклузивни права” за користење на симболот од грчка страна. Па како резултат на тоа Грција поставува економска блокада врз Македонија. Подоцна на 13 септември 1995 година, во Њујорк е постигнат договор меѓу македонскиот министер за надворешни работи Стево Црвенковски и неговиот грчки колега Карлос Папуљас, со кој Грција се обврзува да ја спушти економската блокада, во замена за промена на официјалното знаме на Република Македонија. Проблемот со името е оставен да се решава во иднина. Како резултат на сето тоа, Република Македонија го доби своето ново знаме, кое  од 1995 година до денес е во употреба и е официјално знаме на Републиката. Истото се состои од сонце со осум краци кои се шират по рабовите на црвената основа. Тоа претставува ”ново сонце на слободата”, опеано во македонската национална химна.

Автор: Богоевски Методиј, дипломиран професор по географија

Оваа статија е прочитана 4964 пати!

Автор:

Од категорија: На тема · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger