Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

Ерупцијата на вулканот во Конго го зголеми туризмот

CNN-Исфрлајќи лава на околу 300 метри височина еруптира еден од активните вулкани кој се наоѓа во источниот дел на Демократската  Република Конго. Вулканот кој еруптира се наоѓа во националниот парк Вирунга. Овој националниот парк просечно годишно е посетуван од 1800 посетители, а поради спектакуларното течење на лавата, бројот на посетители се очекува да се зголеми на 4000, а профитот да се зголеми на околу 1 000 000 долари. Спектакуларното течење на лавата е набљудувано од одредена далечина од северната страна на паркот.  Во националниот парк Вирунга има 8 вулкани од кои само 2 се активни. Подрачјето каде што сега еруптира вулканот  е под влијание на ерупции околу 2 ипол години. Од управата на националниот парк изјавиле дека горилите кои ги има во овој национален парк не се загрозени поради тоа што нивното живеалиште било одалечено на 50 километри од вулканот.

Во Конго има осум национални паркови од кои пет се под заштита на УНЕСКО, поради големиот број на загрозени видови кои живеат во нив.

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , ,

Leave a Reply

*