Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Како светот ја надмина бројката од 7 милијарди

Како светот ја надмина бројката од 7 милијарди

Од 1804 година кога светот ја достигна бројката од 1 милијарда, бројот на населението драстично се зголемува. Социо-економските промени, техничко-технолошкиот развој и напредок, забрзаниот процес на индустријализација, унапредувањето на сообраќајот, подобрувањето на медицинските услови и унапредувањето во земјоделието сето тоа довело до зголемување на бројот на населението. Во првата половина на XX век населението во светот се зголемило за 52,7%, а порастот е уште поголем во втората половина од векот. Од 1900 година до 1950 во светот имало 2,5 милијарди жители. Во 1960 година светската популацијата ја надминала бројката од 3 милијарди, а во 1974 година населението ја достигнала бројката од 4 милијарди жители. Во 1990 година светското население ја надминало бројка од 5 милијарди, а во 2000 година 6 милијарди. На 31.10.2011 светот ја надмина бројката од 7 милијарди.

Според проценките на експертите од ООН се прогнозира дека во 2050 година светското население треба да брои над 10 милијарди жители, а во 2100 година светското население би броело 11,2 милијарди жители. После 2100 година се очекува постепен пад на населението, но сето тоа тешко може да се предвиди.

http://www.youtube.com/watch?v=VcSX4ytEfcE&feature=player_embedded#!

Напишал: Глигорије Џилвиџиев

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*