Викенд предлог: Јабланица – една од најубавите планини во Македонија!

3.11.2015
Многумина кои ја посетиле планината Јабланица, се воодушевени од убавината на оваа планина. Некои ја сметаат за наша најубава планина, други ќе кажат дека е „Шар Планина во мало“, дека е Вевчанска или Подгоречка „убавица“. Планината е фасцинантна во секое годишно време: разликата е само во колоритот, боите и доживувањето. Затоа, речиси сите кои барем еднаш биле на Јабланица, посакуваат повторно да ја почуствуваат оваа навистина уникатна планина. А зошто е толку уникатна? Едноставно, затоа што на само неколку километри или на неколку часа пешачење, може да се видат толку прекрасни природни пејсажи, и секогаш има нешто ново што „ќе откриеме“… што ќе не воодушеви.

Јабланица е една од 13-те планини во Македонија, повисоки од 2000 м. Таа е „гранична“ планина, така што источниот дел се наоѓа во нашата држава, а западниот во Албанија. Планината се протега во меридијански правец и тоа од Дебарската Котлина на север, до превојот Ќафа Сан на …