Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Природник... » 7 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

7 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

Се започна во учебната 2003/2004 година кога група на студенти од 4-та година, помогнати од професори и асистенти од Институтот за Географија, одлучија да формираат друштво на студенти географи.  На првиот состанок (15.03.2004) од страна на 9 студенти-географи (Арсова.А, Колев.М, Ангеловска С, Јовановска Е, Петров З, Петковски Т, Николиќ А, Тасков А и Јовевска Н.) одлучено е друштвото да се именува како ИЗСГ ПРИРОДНИК (истражувачко здружение на студенти географи – Природник), чие седиште ќе биде Институтот за Географија. Истата година друштвото е примено за редовен член во ЕГЕА (Европска географска асоцијација), па затоа на меѓународен план е познато како Егеа Скопје. Како официјален ден на членство во оваа асоцијација е земен 1 – ви декември. Одтогаш па наваму, овој датум го означува отварањето на европските врати за ИЗСГ Природник.

До сега, Природник има организирано и учествувано на многу  настани и активности. Секако во оваа прилика ќе се извојат меѓународните учества и успеси. Во текот на овие изминати 7 години, ЕГЕА Скопје има учествувано на повеќе конгреси, студентски размени, семинари и сл.  Природник има оставено трага на 5 конгреса, од кои 4 се во својот матичен регион т.е. во Euromed (Euromed R.C. 2005 Кладово/Србија; Euromed R.C 2006 Похорје/Словенија; Euromed R.C 2009 Гоч/Србија; и Euromed R.C 2011 Крањска Гора/Словенија.) како и едно присуство на годишен конгрес – AC 2005 Пулио/Грција. Исто така  се организирани 4 размени на студенти (Егеа Скопје – Егеа Нови Сад 2005;  Егеа Скопје – Егеа Заграб 2005/06;  Егеа Скопје – Егеа Љубљана 2009; Егеа Скопје – Егеа Нови Сад 2010/11). Покрај овие меѓународни активности Егеа Скопје има учествувано  на експедиции (Олимп 2005; Стаза Шопова 2009 Србија; Стаза Шопова 2010 Србија/Бугарија; Стаза Шопова 2011 К.Паланка/Македонија ),  летен камп (Пријепоље 2005), новогодишна прослава (Дарувар/Хрватска 2005/06), мотивационен викенд (Рајац 2006 Србија) и на 2 семинари (Фрушка Гора 2007 Србија и  III Балканија 2011 Чачак/Србија).

Напишал: Дарко Стојчески

Оваа статија е прочитана 3749 пати!

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , ,

Еден одговор на "7 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ"

  1. Olgica says:

    Нека е со среќа годишнината! Ви посакувам и понатаму активно да учествувате во промовирањето на географијата а со тоа и на нашата држава како што го правевте тоа и досега. Уште еднаш големи честитки!

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger