Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Излезе новиот број (48) на списанието Географски разгледи!

Излезе новиот број (48) на списанието Географски разгледи!

22.12.2015

Денес, на веб страницата на Институтот за географија е поставена електронската верзија на новиот број (48 / 2015) на списанието Географски разгледи. Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Република Македонија. До сега вкупно се објавени 40 книги со околу 450 научни и стручни трудови, библиографски осврти, географски вести и други информации. Од 2010 година, содржините на списанието Географски разгледи се поставуваат и електронски (http://www.igeografija.mk/MGD/index.htm), со што стануваат достапни на поширок круг заинтересирани вљубеници во географијата. Оваа година, за прв пат трудовите се целосно на англиски јазик (со резиме на македонски јазик) и се рецензирани од соодветни странски истражувачи. За следната 2016 година, се воведува двојна рецензија како мерка за понатамошно подобрување на квалитетот и селекцијата на трудовите. Крајна цел е Географски разгледи да добие статус на меѓународно списание, каков што впрочем и заслужува. Инаку во најновиот број на Географски разгледи се објавени вкупно 6 труда од 11 автори, кои покриваат широк спектар на географски проблеми: од општите геоморфолошки карактеристики на Македонија, преку климатските и хидролошки моделирања, до туризмот, картографските пристапи и ГИС. Со самото објавување на последниот број, започнуваат подготовките за следниот број на списанието (49-1), кој треба да излезе до средината на 2016 година. Во новиот број е предвидена и рубрика наменета за млади истражувачи-географи.

razgledi

Затоа ве повикуваме доколку сте заинтересирани да го подготвите или испратите вашиот труд до уредувачкиот одбор најдоцна до крајот на февруари, 2016 година. За 2016 година се предвидени два броја (49-1 и 49-2) кои ќе бидат испечатени како посебна книга-двоброј на крајот од годината. Воедно, доколку имате забелешки и сугестии, ве молам истите да ги доставите по електронска пошта до уредникот на списанието.

Од уредникот, д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2561 пати!

Автор:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger