Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Активности » Пролетен семинар за наставниците и професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за наставниците и професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

23.03.2016

Согласно предвидените активности во програмата за работа на Македонското географско друштво пред самиот почеток на пролетта, на 19. 03. 2016 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа семинар наменет за стручно усовршување на наставниците и професорите по географија од основните и средните училишта. На семинарот присуствуваа 180 учесници од сите делови на Република Македонија. Врз основа на сознанијата од спроведената анкета меѓу одреден број наставници по географија околу темите кои би сакале да бидат дел од предавањата на семинарот, на овој семинар во програмата за работа како теми за предавање беа поместени следниве наслови:

Анализа на содржините и учебниците за шесто одделение, предавач д-р Благоја Маркоски, редовен професор

Извори на податоци за населението и нивно значење, предавачи д-р Мирјанка Маџевиќ, редовен професор и м-р Марија Љакоска

Миграциските движења во Република Македонија , предавач д-р Билјана Апостоловска Тошевска , вонреден професор

Менаџирање и професионален развој на наставниот кадар во Република Македонија во 21 век, предавач д-р Милица Патраклиева.

seminar sl 7

Останатиот дел од семинарот беше наменет за запознавање со тековните случувања и новини, информации и пропозиции за претстојните натпревари по географија, како и за дополнителни прашања, информации и тековни проблеми поврзани со наставниците и наставата по географија. Сите присутни наставници добија сертификат од Македонско географско друштво за учество на семинарот. Покрај официјалниот дел, настанот беше одличен повод за дружења на различни генерации географи.

seminar sl 3

Македонското географско друштво би сакало да изрази голема благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија.
Истовремено голема благодарност до студентите од Институтот за географија: Моника Лазовска, Емилија Маневска, Емилија Кокиновска и Елизабета Каровска кои активно се вклучија во неофицијалниот дел од семинарот и придонесоа кон подобра атмосфера.
Голема благодарност до „Виталија“, која со својата донација придонесе да се „заслади“ неофицијалниот дел.

seminar sl 8

Искрено се надеваме дека семинарот ќе остане во добро сеќавање на сите присутни и останува да си посакаме набрзо повторно да се сретнеме на ново географско дружење.

Автор на текстот:
д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Активности

Leave a Reply

*