Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности, Наставни » Регионален натпревар по географија во Скопје

Регионален натпревар по географија во Скопје

10.04.2016

Деветти април 2016 година беше ден посветен на младите географи. Тогаш низ целата држава се спроведоа регионалните натпревари по географија за основно и средно училиште. Во секој град младите луѓе, иднината на географската наука, си ја покажаа „силата“ по географија. Таква позитивна, натпреварувачка атмосфера имаше и во најголемиот регион од државата-Скопскиот регион.

Натпревар
Оваа година, во градот Скопје, 80 ученици од 35 основни училишта и 46 ученици од 11 средни училишта земаа учество на регионалниот натпревар по географија. Натпреварот се одржа во СУГС „Лазар Танев“-Скопје, училиште кое покажа гостопримство кон учениците и нивните ментори. Натпреварот беше следен од младиот кадар на Институтот на географија при Природно математички факултет-Скопје, предводен од проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска, претседател на Македонското географско друштво. По завршувањето на натпреварот се формира комисија која го спроведе проверувањето на тестовите и ја изработи ранг-листата на ученици кои ќе учествуваат на државниот натпревар по географија. Комисијата беше во состав: проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска (претседател на МГД), м-р Билјана Гичевски (координатор на скопски регион), Јована Димовска, Христина Димеска, Марија Љакоска, Владимир Златаноски, Слаѓана Трпковска Салтирова, Елеонора Дамовска, Лилјана Војнеска, Цвета Ѓорѓиевска, Ленка Ѓоргоска, Горан Китевски, Анита Тодорова, Пане Перуновска и Саниа Качар. Рангирањето покажа дека 29 ученици од основните училишта кои имаат освоено над 85 поени, 14 ученици од Скопските гимназии и 4 ученици од средните стручни училишта ќе продолжуваат во трката за „најдобар“ географ на државниот натпревар што ќе се одржи на 6 мај 2016 на Природно математички факултет-Скопје.
На сите натпреварувачи од државата им посакуваме многу успех на претстојниот државен натпревар.

 

М-р Билјана Гичевски
Координатор на Скопски регион

Оваа статија е прочитана 2863 пати!

Автор:

Од категорија: Активности, Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger