Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Успешно реализиран престој на Одделот за географија на универзитетот во Задар

Успешно реализиран престој на Одделот за географија на универзитетот во Задар

30.05.2016

Во рамките на програмата CEEPUS од 16 до 23 мај 2016 година имав можност да престојувам на Одделот за географија на Универзитетот во Задар. За време на посетата беа реализирани предавања на тема:

  • Социо-економски карактеристики на Република Македонија за студентите од трета година на студии по географија, во рамките на предметот Регионална географија на Европа II кај проф. д-р Бранимир Вукосав и
  • Демогеографски преглед на миграциските движења во Република Македонија за студентите од втора година на студии по географија во рамките на предметот Демографија кај проф. д-р Снежана Мрѓан.

Исто така предавање посветено на социоекономските карактеристики на Република Македонија беше дел од програмата на манифестацијата Денови на географијата која се одржува по петти пат во организација на Друштвото на студенти географи од Универзитетот во Задар и Одделот за географија. Манифестацијата е од отворен карактер и на неа покрај студенти и професори географи присуствуваа и лица кои едноставно сакаа да се запознаат со интересни и актуелни теми од областа на географијата.
Реализираните предавања побудија интерес кај слушателите и поттикнаа низа прашања околу актуелните социо-економски случувања во Македонија.
Престојот беше искористен за запознавања и воспосавување на научна соработка со колегите од Одделот за географија под раководство на доц. д-р Аница Чука. Истовремено колегите географи од Задар како одлични домаќини се погрижија да го запознаам Задар и голем дел од неговата околина, за што посебна благодарност изразувам до проф. д-р Дамир Магаш.

Zadar1
Најтопло препорачувам можностите за размена на наставници и студенти во рамките на CEEPUS програмата да се искористат. Во прилог е едноставната апликација, редуцирана административна постапка и секако максималната придобивка од размена на мислања, идеи и можност за научна соработка.

Автор на текстот: вонре. проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*