Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Доделени награди и благодарници од град Скопје за најдобрите географи на регионалниот натпревар по географија за учениците од средните училишта во Скопскиот регион

Доделени награди и благодарници од град Скопје за најдобрите географи на регионалниот натпревар по географија за учениците од средните училишта во Скопскиот регион

29.06.2016

Согласно обврските од потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу Град Скопје и Македонско географско друштво, на 27. 06. 2016 година во просториите на Град Скопје се одржа свечена манифестација на која им беа доделени награди и благодарници на учениците средношколци кои постигнале највисок резултат на Скопските регионални натпревари по географија. Наградени се и нивните ментори и тоа:

Категорија средни гимназиски училишта
1 место Драгана Коцевска Петта Приватна гимназија ментор проф. Пане Перуновски
2 место Ангела Здравковска Петта Приватна гимназија ментор проф. Пане Перуновски
3 место Ангела Стојковска СУГС „Никола Карев“ ментор проф. Лилјана Војнеска

Категорија средни стручни училишта
1 место Даниел Колевски СУГС „Владо Тасевски“ ментор. проф. Борис Василевски
2 место Александар Николовски СУГС „Владо Тасевски“ ментор. проф. Борис Василевски
3 место Златко Велиновски СУГС „Владо Тасевски“ ментор. проф. Борис Василевски

Покрај наградените ученици од различни наставни предмети, беа доделени благодарници на 12 акредитирани здруженија за организирање на натпревари и тоа:
1. Македонско географско друштво
2. Здружение на наставници по стручни предмети и раководни кадри од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта од Република Македонија
3. Здружение на информатичари на Македонија
4. Друштво на биолози на Република Македонија
5. Асоцијација на наставници по англиски јазик на Република Македонија
6. Здружение на класични филолози „Антика“
7. Сојуз на друштва за македонски јазик и литература на Република Македонија
8. Здружение на професори по француски јазик на Република Македонија
9. Друштво на физичарите на Република Македонија
10. Здружение на наставници по германски јазик и книжевност на Република Македонија
11. Сојуз на математичари на Република Македонија
12. Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија

Исто така Градот Скопје обезбеди финансиска поддршка и на средните училишта – домаќини на регионалните натпревари во Скопски регион.

Clipboard02

Македонското географско друштво им честита на наградените и повикува на уште поголема масовност на следните натпреварите по географија за средните училишта кои повеќе од три децении се дел од неговата програма за работа.
Традицијата од над 66 години постоење, организирани 36 натпревари по географија зад себе се доволен доказ за сериозните залагања и активности на Македонското географско друштво на полето на географијата. Секако предизвикот да се биде сé подобар е наша водилка.

Clipboard01Ве очекуваме на следните натпревари по географија.

Автор на текстот:
проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 3661 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger