Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Колку се чека за вработување во Република Македонија?

Колку се чека за вработување во Република Македонија?

7.12.2011.  Автор: д-р Билјана Апостоловска Тошевска

Според расположливите податоци од АВРМ во 2010 година најголемо про­центу­ално учество имаат невработените со време на чекање повеќе од 8 години кои уче­ствуваат со 30 % од вкупниот број на невработени лица. Овде поголемо е учеството на машката невработена популација (60,7%), наспроти женските лица (39,3%), што според сознанијата од теренот се резултат на структурата во стопанството и присутниот се­ктор на дејности каде женската популација има поголеми можности за вработување (текстилна индустрија, прехранбена индустрија, услужен сектор) и сл.

Долготрајноста на невработеноста има регионални разлики. Кај сите региони над 80% чекаат вработување над 11 месеци што покажува на висок степен на долго­трајна невработеност. Од нив 50% чекаат вра­бо­ту­ва­ње до седум години, а од 25 до 30% учествуваат ли­цата со долг период на невра­бо­теност од 8 и повеќе години. Кај сите издвоени категории на невработеност со близу 20% учествува Скопскиот регион, а само Југоисточниот регион бележи толкаво учество кај невработените од 5 до 7 години.

Регионалните разлики во степенот и долготрајноста на невработеноста  од една стра­на произлегува од можностите за вработување, економскиот потенцијал и раст на регионот, додека од друга страна големо влијание имаат демографските карактеристики,  националната припадност (секогаш во корелација со културните и религиозните гле­дишта), каде се отежнува мобилноста на работната сила или пак влијание има третма­нот на женската популација и нејзината вклученост во општествената заедница.

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: ,

Leave a Reply

*