Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

19.10.2016

На 15.10.2016 година во организација на Македонското географско друштво беше одржан втор семинар оваа година посветен на стручна едукација за професорите по географија од основните и средните училишта во Република Македонија. На овој т.н. есенски семинар присуствуваа 153 учесници од сите делови на Република Македонија кои за своето учество на семинарот добија сертификат.

110
Изборот на темите за предавање и овој пат беше направен според резултатите од предходно спроведената анкета кај одреден број професори по географија. Според прибраните сознанија за тоа кои теми би сакале да бидат презентирани, во програмата за работа на семинарот беа поместени следниве предавања:

  • Гео-археолошкото наследство на СИПР и неговата културна промоција, предавач м-р Василка Димитровска (ХАЕМУС – центар за научно истражување и промоција на културата)
  • Природните непогоди во Република Македонија со посебен осврт на поплавата и земјотресот во Скопје оваа година, предавач проф. д-р Ивица Милевски,
  • Рецептивните капацитети во функција на изведување на училишните екскурзи, предавач асс. м-р Христина Димеска, Институт за географија, ПМФ, Скопје
  • Проектни активности – географија, начин и можност за афирмација на географијата и подобрување на статусот на предметниот професор во реформираното гимназиско образование, предавач м-р Срѓан Стојмановски, професор во Гимназија Гоце Делчев, Куманово

Еден дел од семинарот беше наменет за запознавање со работата на Друштвото и неговите тековни активности. Професорите беа запознати со:

  • потпишување на Меморандумот за соработка со IYGU и прераснување на Македонско географско друштво како еден од седумте регионални центри на IYGU во Европа. Воедно тоа е можност за вклучување на училиштата и професорите во програмата за работа на IYGU под координација на МГД;
  • потпишаниот договор со ДКЦ Карпош од Скопје, каде во тековната квизотека на иницијатива на МГД е вметната посебна рубрика „Географија на Република Македонија“, со амбиција да прерасне во квиз посветен на географијата. Прашањата од областа на географијата ќе ги изработува Македонско географско друштво;
  • настанот НОЕМВРИ – месец на науката, посветен на природните науки, каде Македонско географско друштво е еден од организаторите;
  • отварање на програмата Пријатели на Македонско географско друштво во која различни фирми кои имаат склучено договори со МГД, сите членови на МГД ги прифаќаат како свои привилигирани клиенти нудејќи попусти на своите услуги или производи
  • известувања за изработената веб страна на Друштвото www.mgd.mk

Покрај официјалниот дел, семинарот секогаш е повод за средба на различни генерации географи од сите делови на државава. Можност за запознавање, размена на мислења, едукација и секако дружење.

112

Во врска со организацијата и реализацијата на семинарот Македонското географско друштво изразува голема благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија. Благодарност до предавачите на семинарот: м-р Василка Димитровска, проф. д-р Ивица Милевски, асс. м-р Христина Димеска Трајкова и м-р Срѓан Стојмановски, како и до помладите колеги од Институтот за географија: м-р Марија Љакоска, м-р Анита Тодорова, м-р Владимир Златановски и асс. м-р Горан Китевски.

Голема благодарност до студентите од Институтот за географија: Билјана Бабаноска, Антонио Трајков, Петар Трајков, Беса Лужа и Николче Савески кои помогнаа во спроведување на активностите на семинарот.
До следниот семинар да си посакаме да останеме во добро здравје и добро расположение во друштво со географијата и географите.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 4750 пати!

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger