Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Во Прилеп основано регионално географско друштво „проф. д-р Митко Панов“

Во Прилеп основано регионално географско друштво „проф. д-р Митко Панов“

14.02.2017

На 11.02.2017 година во просториите на Основното училиште “Кире Гаврилоски Јане“ во Прилеп и официјално отпочна со работа регионалното Clipboard01географско друштво, именувано по доајенот на географската мисла во Македонија, професор д-р Митко Панов. За таа цел беше организирана и манифестација на која присуствуваа професори по географија од основните и средните училишта во општините: Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени, како и претставници на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, меѓу кои проф. д-р Никола Панов, доц. д-р Милена Талеска и асист. М-р Христина Димеска. На официјалното отворање на друштвото се обратија Претседателот на здружението Милан Јаковоски, дипломиран професор по географија, писмено се обрати и проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска, претседател на Македонско географско друштво и проф д-р Никола Панов, во својство на претставник на Факултетот и Институтот од една страна, но и член на најблиското и потесно семејство и наследник на големиот и по многу нешта единствен професор д-р Митко Панов, кој изрази големо задоволство и благодарност на честа за ваквиот настан и посочи на поврзаноста на приватен и професионален план на семејството Панов со Прилеп и околината.

Посакуваме бројни успеси на именуваното географско здружение и се надеваме дека истото ќе претставува пример за останатите професори по географија од другите населени места и општини во земјава и истото ќе овозможи олеснување на взаемната соработка и комуникација помеѓу географите, но и непосредно ќе влијае кон сеопшта популизација на географијата како една од најважните научни дисциплини во минатото, денешницата, но и иднината.

Подготвил: м-р Христина Димеска

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*