Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Викенд предлог, Чудесна Македонија » Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

БеласицаПланината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести маси. Населениото кое што живее во овој дел од планината Беласица на таквите карпести форми им дало и свои имиња како: Мокра Карпа, Змејот, Копа со сено, Троножец и др.

Tronozec

Карпа – Троножец

Мокра Карпа

На 650 м.н.в. на десната страна од водотекот Чамдаш Дере се наоѓа корито со неправилна трапезоидна форма. Изградено на хоризонталната страна на една карпеста структура со димензии 8 x 6 метри. Географските кординати на оваа денудациона форма се 41°19’36“ сгш и 22° 42’ 52“ игд, ориентирана во правец северозапад-југоисток. Коритото е со димензии 2 метри на северозападната страна и 3 метри на југоисточната, додека двете должински страни се 3,7 и 3,2 метри. Длабочината на коритото се движи од 10 cm во рабните делови до 40 cm во внатрешноста. Таквата голема димензија на оваа коритеста структура и големата количина на вода која што ја собира (околу 300 l) овозможуваат во текот на целата година да биде исполнета со вода. Поради тоа и оваа денудациона форма го добила името „Мокра карпа“. Самата коритеста форма е настаната како резултат на хемиското влијание на атмосферската вода, како и влијанието на ледот во текот на зимскиот период врз гнајсната карпа.

Zmej

Карпа во форма на змеј

Змеј, Тигар и Камила

На североисточната страна од Мокра Карпа, на 800 м.н.в, се наоѓа група од повеќе карпести форми во вид на остенци и купи распоредени на површина од 1 km2 . Највпечатливи од сите се остенците во вид на змеј, тигар и камила. Остенокот во форма на змеј е висок 3 метри, а широк 2 метри. Во неговиот централен де
л како резултат на селективната ерозија е пробиена карпата во вид на прозорец. На само неколку метри од овој остенок се наоѓа и остенокот во форма на тигар кој што лежи. Оваа форма е со димензии 3 х 1 m. Остенокот во форма на камила е најголемата карпеста форма во оваа група со димензии 6 х 5 m.

Karpesti gnezda

Птичји гнезда

Птичји гнезда

На 640 м.н.в, од десната страна на Калдрма Дере, на вертикалниот дел од една карпеста маса, се наоѓаат вдлабнатини во форма на птичји гнезда. Oвие форми се со дијаметар од 10 до 15 cm. Kако и останатите карпести форми така и гнездестите дупки настануваат како резултат не хемиското растварање на гнајсните карпи и механичкото распаѓање помогнато од мовта, лишаите и мразот.

Освен овие се среќаваат уште голем број на други интересни карпести форми кои што засега се посетени само од локалното население.

Димензиите за карпестите форми се од сопствени теренски истражувања

17321757_10210482582398820_537746701_n

“Мокра Карпа“

Kamila

Карпа во форма на камила 

Tigar

Карпа во форма на тигар

Orel

Карпа во форма на орел

 Автор: Глигорије Џилвиџиев, дипломиран географ

Објавено од:

Од категорија: Викенд предлог, Чудесна Македонија · Tags:

Leave a Reply

*