Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Утре ни пристигнува пролетта

Утре ни пристигнува пролетта

19.03.2017

proletПо релативно студената и снежна зима (во повеќето делови на Македонија), утре (понеделник), 20.03.2017 година, на северната хемисфера започнува пролетта. По зонското време, таа во Македонија ќе пристигне во 11 часот и 19 минути. За разлика од северната хемисфера, на јужната пак започнува есента.
Инаку, утре на целата земјина топка, денот и ноќта траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа, во положба позната како еквиноциум. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денот ќе трае за околу 10 минути подолго. На првиот пролетен ден, Сонцето ќе излезе околу 5 часот и 40 минути точно на исток, а ќе зајде околу 17 часот и 50 минути точно на запад. Веќе од вторник, денот ќе станува се подолг за сметка на ноќта, се до јунската долгоденица (солстициум), кога ќе започне летото. Моментално, Земјата е точно на просечна оддалеченост од Сонцето на 149,5 милиони километри.
Пролетта завршува на 21 јуни, кога во 4 часот и 24 минути на северната полутопка почнува летото. Значи од утрешните нешто повеќе од 12 часа, постепено до 21 јуни денот ќе се зголемува до 15 часа, а ноќта ќе се намали на само 9 часа (повеќе околу годишните времиња може да прочитате овде). Според тоа, следните 3 месеци или поточно 92 дена може да уживаме во пријатните и воглавно топли пролетни денови.

И да не заборавиме дека во сабота према недела (25-26.03), преминуваме на летното сметање на времето со поместување на часовникот еден час нанапред.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 952 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger