Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

22.03.2017

Македонското географско друштво како научно и стручно здружение на граѓани што го сочинуваат наставниците и професорите по географија, научните работници од областа на географијата како и други лица кои се занимаваат со географската проблематика во Република Македонија има за цел збогатување, негување, популаризација и унапредување на географската наука и нејзина примена.
Во рамките на скоро 70 години постоење, Друштвото реализира бројни активности, меѓу кои и семинари за перманентна едукација на наставниот кадар по географија.
Според традицијата, секоја година заедно со доаѓањето на пролетта се одржува пролетниот семинар за професорите по географија. Оваа година семинарот се одржа на 18 март 2017 година.
На настанот беа реализирани три предавања и тоа:

  • Географијата и нејзината улога и значење во образованието и армијата, од д-р Александар Петровски, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, Катедра за воени науки и вештини;
  • Објектите од геонаследството долж коридорот 10 како школски пример во дополнителниот едукативен процес по географија, од м-р Анита Тодорова, Институт за географија, Природно-математички факултет;
  • Тематски атлас на природните и социоекономските карактеристики на Мариово во контекст на наставата по географија, од м-р Марјан Матракоски, општина Прилеп, Сектор за јавни дејности.

Посетеноста беше на завидно ниво. Беа регистрирани 130 слушатели, професори по географија од сите делови на Република Македонија. За своето учество присутните добија соодветен сертификат. Воедно семинарот беше можност за заедничка дружба и размена на идеи и мислења меѓу колегите.

За реализација на настанот упатувам благодарност до предавачите на семинарот, Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија.
Посебна благодарност за помошта при организација и реализација на семинарот упатувам до: м-р Марија Љакоска, м-р Анита Тодорова и студентите на Институтот за географија: Марија Митревска, Моника Кузевска, Кристина Тодоровска и Николче Савески.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Оваа статија е прочитана 1402 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply