Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » На пазарот излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија

На пазарот излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија

27.03.2017

Минатата недела, во издание на Тримакс картографија од Скопје, излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија во размер 1 : 250 000. Картата е изработена на високо професионално ниво, а на неа се прикажани најновите картографски податоци според состојбата од 2016-2017 година и тоа: релјеф (во тридимензионална техника и со хипсометриски бои), хидрографија, населени места рангирани во 8 нивоа, патна и железничка мрежа, имиња на планини, полиња, реки, езера, висински точки, хидроелектрани, рудници, гранични премини и др. Треба да се напомене дека прикажаните податоци се во согласност и со одобрение на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Karta-1

Оваа 3Д ѕидна карта на Република Македонија е единствена на пазарот, со одлична визуелна претстава на географските содржини (посебно на релјефот), прегледност и многу висок квалитет на изработка. Како таква, погодна е за користење во основните, средните училишта, во разни институции чија дејност е поврзана со просторот и сл. Покрај функционалноста, картата има висока естетска вредност. Инаку истата е веќе достапна на пазарот во две варијанти: со пластични лајсни (димензии 80 х 110 см) и со дрвени лајсни (димензии 90 х 120 см). Со оглед на исклучително поволната цена и квалитетот, се надеваме дека оваа карта наскоро ќе стане дел од училиштата, географските кабинети и катчиња, а ќе претставува и репрезентативен географски декор.

Подготвил: д-р Ивица Милевски

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *