Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Посета на Барселона – Кралицата на Каталонија

Посета на Барселона – Кралицата на Каталонија

30.03.2017

Во месец декември имав можност да го посетам еден од најубавите градови во Европа, магичната Барселона. Градот се наоѓа во северисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров, широко отворен кон Средоземното Море. Според последните податоци, Барселона има 2 милиони жители, а заедно со пошироката урбана област, околу 4 милиони. На тоа треба да се додадат уште неколку стотици илјади туристи од разните страни на светот, кои секојдневно се присутни во градот и ќе добиете бројка од речиси 5 милиони луѓе. Затоа да не ве зачудува огромната фрефенција на луѓе, возила, бродови и други превозни средства, особено во пристанишниот дел на градот.

Како подалечна европска дестинација, до неодамна беше многу потешко да ја посетиме Барселона, бидејќи беа потребни речиси 2 дена патување со автобус од Скопје. Сепак, со отворањето на авионската линија Скопје – Барселона на компанијата WizzAir до се стигнува само за 2 часа и тоа по доста пристапна цена. Притоа, нема да погрешите доколку се одлучите да ја посетите Барселона во било кој период од годината, бидејќи времето во градот е секогаш пријатното, дури и во зима кога температурите во другите, континентални делови на Европа се ниски. Кога станува збор за сместувањето, можете да најдете евтино сметувањето и тоа во самиот центар на градот, во близина на познатата улица La Rambla. За сметувањето може да се погледне на сајтовите Booking.com и Airbnb.com, едни од најпознатите веб портали на кои се нуди сместување низ светот по ниски и поволни цени. Според моето искуство, на страницата Booking.com може да се пронајдат пристојни цени на хотелски соби како и ниски цени за хостелите, а добивате дополнителни до 50% попуст за некои објекти, доколку направите профил на страната. На Airbnb.com пак, може по одлична цена да се изнајмат приватни соби и апартмани, што претставува уште една можност за ултра-евтино сметување. Така, целата посета со превозот, сместувањето и исхраната, може да ве чини не повеќе од 10-15 илјади денари.

Градот Барселона, освојува на прв поглед. Уште во античкиот период, бил еден од најзначајните средоземноморски пристаништа и како таков станал главен град на грофовите, поради што денес изобилува со богато културно наследство. Тоа е град на прекрасна архитектура, со векови стари градби и богата култура, каде престојувале познати историски личности како што бил Колумбо, а во неогова чест е изграден и споменик. Овде твореле и познати уметници меѓу кои и Пабло Пикасо. Во градот најпознати се готските градби од средниот век, кои се прогласени за светски културни споменици. Особено се значајни делата на авторот Антони Гауди, а неговата најпознато дело е базиликата La Sagrada Familia, која е започната да се гради пред 115 години, но сеуште не е довршена. Потоа карактеристични се неговите останати дела: Паркот Гвељ, Палата Гвељ, Каса Батло и Каса Мила. Големиот број на музеи се уште една одлика на градот, а такви се: Националниот музеј на уметности на Каталонија и Музејот на современа уметност. Покрај старите градби и културното наследство, во Барселона може да се ужива во превкусното вино и превкусната храна. Така, на секој чекор може да се најдат ресторани со најразлични кујни од локалните региони и од светот. Низ улиците има артисти кои изведуваат различни уметности, како што е уметноста со сапуница каде успеваат да направаат огромни балони, се ужива во живата музика, отворените театри, модерните барови со поглед кон плажата и пристаништето. Има голем број на атрактивности кои овозможуваат да се почуствува каталонската култура и традицијата. Потоа дополнителна атрактивност е стадионот Camp Nou и фудбалскиот клуб Барселона.

Градот изобилува со голем број на богаства, кои навистина вреди да се посетат и да се почуствуваат. Доколку имате време и можност, би било штета да не ја посетите Барселона, особено користејќи ги можностите кои ги нуди модерната интернет технологија. Сепак, едно внимавајте: своите лични работи чувајте ги и пазете ги најдобро што можете и на најсигурното место, бидејќи во огромните градски гужви, неприметни и лесно можете да останете без паричник, телефон, апарат или уште пострашно без личните документи и патни исправи.

Подготвила: Симона Велковска, насока туризам.

Оваа статија е прочитана 79 пати!

Од категорија: По Светот

Leave a Reply