Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Основни податоци за акумулациите Липково, Глажња и ХМС Липково

Основни податоци за акумулациите Липково, Глажња и ХМС Липково

Подготвил: Ивица Маџевиќ

Липковско Езеро

На 12 км од Куманово и 2 км од с.Липково се наоѓа браната Липково. Изградена е во 1957 година. Акумулацијата се наоѓа на надморска височина од 478 м и се полни од Липковска Река, десна притока на реката Пчиња. Надморска височина меѓу котите на сливот е 450-1350 м, просечна надморска височина е 1070 м, површината на сливот е 110 км кв., а обем на сливот е 42 км кв. Минимален проток на Липковска Река е 240 л/сек. Најголемиот протек е во пролет, најмал е во лето и есен. Времето на мала протечност се совпаѓа со зголеменитепотреби на вода во летниот период. Овој нерамномерен годишен проток на вода, ја наметнала потребата од нејзино акумулирање во истоимената акумулација.

Технички податоци за акумулацијата Липково:

–          зафатнина на акумулацијата – 1.500.000 м3
–          корисна зафатнина – 1.300.000 м3
–          должина на акумулацијата – 1.480 м
–          ширина на акумулацијата – 120 м

Технички податоци за акумулацијата:

–          тип – бетонско, лачно, гравитациона брана
–          должина на круна – 133 м
–          висина на брана – 37 м
–          должина на преливен дел – 28 м
–          број на преливни полиња – 7 м
–          кота на преливен раб – 481 м

Со Липковското Езеро се обезбедува вода за наводнуваwе на бруто површина од 2574 ха и нето површина 2255 ха, а се наводнуваат 1937 ха.

Езеро Глажња

На 5 км над браната Липково е изградена браната Глажња. Изградена е во 1971 година. Акумулираната вода од акумулацијата Глажња по речното корито во должина од 3 км ја дополнува акумулацијата Липково. Акумулацијата ја полнат реките Гошинка и Думановка со минимален просечен доток од 80 л/сек, среден проток од 120 л/сек, површината на сливното подрачје е 100 км кв.

Технички податоци за акумулацијата Глажња:

–          зафатнина на акумулацијата – 24.075.870 м3
–          корисна зафатнина – 22.160.000 мм
–          ширина на акумулацијата – 320 м
–          должина на акумулацијата 3.162 м
–          површина на водно огледало 96,5 ха

Технички податоци за акумулацијата:

–          тип – бетонско, лачно, гравитациона брана
–          должина на брана по осовина – 344 м
–          висина на брана – 84 м
–          ширина на круна – 4 м
–          број на преливни полиња – 5
–          кота на преливен орган – 588 м
–          должина на преливен дел – 36 м

Со браната се покрива повржина од 5694 ха, а практично можат да се поливаат 4458 ха. Во состав е и Х.Ц. Глажња која е изградена подоцна и е со капацитет од 2,5 МW. Vодата од браната оди до X.Ц. преку челичен вод, ги врти турбините и се враќа во речното корито од каде продолжува до акумулацијата Липково.

ХМС Липково

Системот е проектиран да зафаќа нето површина од 10500 ха. Изградените основни објекти и детална мрежа, обезбедуваат наводнуваwе на 8147 ха, а поради промена на земјиштето, недоизграденост на системот и неговите технички можности, површината која практично може да се наводнува изнесува 6471 ха, од тоа 1163 ха се во општествен сектор, а 5303 ха во индивидуален сектор.

Системот опфаќа 17 месни заедници, 4875 земјоделски индивидуални водокорисници и три општествени организации. Наводнуваwето се врши преку I, II, III, IV, VI грана, со своите огранци и подземна каналска мрежа во должина од 165 км.

Липковскиот сyстем е предвиден за наводнување со вештачки дожд, со помош на подвижна мрежа и прскалки. Поради ситна парцелизација во приватен сектор, немање на доволна опрема за наводнување, наводнувањето на делови од системот е површинско.

Во состав на ХМСЛипково се и:

  1. Тунел Липково

–          q максимум – 5,3 м3/сек
–          должина – 2276 м

  1. Тунел Отља

–          дијаметар на тунел – 2м
–          q максимум – 2,55 м3/сек
–          должина – 570 м

Од тунелот Отља од IV грана е изведен вод за водоснабдуваwе на градот Куманово со капацитет 220 л/сек.

  1. Распределителна станица
Подготвил: Ивица Маџевиќ. Извор: Техничка документација за браните Липково и Глажња.

Оваа статија е прочитана 5010 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger