Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Државен натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво, Скопје 2017

Државен натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво, Скопје 2017

8.05.2017

На 5 мај 2017 година во организација на Македонско географско друштво беше одржан 39–от државен натпревар по географија. Тестирањето и целокупните случувања се реализираа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа година конкуренцијата беше голема. Се натпреваруваа 323 ученика од кои 261 ученика од основните училишта и 62 од средните гимназиски и стручни училишта во Македонија. Натпреварот се одвиваше во пријатна натпреварувачка атмосфера, а победија секако најдобрите.

Првите три места меѓу натпреварувачите од основните училишта ги освоија учениците:

  • Миа Дарковска ОУ Елпида Караманди, Битола под менторство на професорот Душко Швигир
  • Јана Матевска ОУ Љубен Лапе, Скопје, под менторство на професор м-р Елизабета Наунчевска
  • Христо Димитриевски ОУ Кузман Шапкарев, Скопје, под менторство на професорот Владимир Анѓелески

Кај средните гимназиски училишта првото место го освои ученичката Исидора Давитковска од СОУ Гимназија Гоце Делчев во Куманово под менторство на професор Емилја Трајковска. Второто место му припадна на Мартин Николов од СОУ Кочо Рацин, Свети Николе со менторот професор Оливера Лазева – Митева. На трето место се пласира Христијан Стомнароски од Гимназијата Мирче Ацев во Прилеп со менторот професор Виолета Проскоска Велковска.

Меѓу учениците натпреварувачи од средните стручни училишта, првото место го освои Петар Илоски од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски од Охрид со менторот професор Татјана Пуцоска. Второ место му припадна на Бојан Петровски од СОЕУ Јане Сандански од Битола и менторот професорот м-р Мите Ристов. На третото место се пласира Кузман Ацевски од СУГС Лазар Танев од Скопје и менторот професор Слаѓана Трпкова – Салтирова.

Покрај тоа, сите ученици и нивните ментори кои освоиле 80 и повеќе поени добиваат диплома за освоена награда и тоа: со освоени 80-84 поени трета награда, 85-89 поени втора награда и со 90 и повеќе прва награда.
За освоените први места кај основните и средните гимназиски училишта, Македонското географско друштво се погрижи да обезбеди таблет како главна награда. Покрај тоа ТРИМАКС како главен спонзор на натпреварот, обезбеди соодветни награди за учениците и училиштата од каде доаѓаат првите тројца наградени ученици.
Сите ученици и професорите ментори, добија диплома за учество на државниот натпревар по географија.

За организацијата и реализацијата на натпреварот Македонското географско друштво упатува благодарност до Природно-математичкиот факултет и Институтот за географија.
Благодарност до Тримакс како главен донатор на наградите за првите три освоени места.
Голема благодарност до моите колеги од Институтот за географија за максималното лично вложување во реализација на натпреварот.
Огромна благодарност за залагањето како тестатори до моите колеги професори по географија Милан Јаковоски, Еуген Муча, Трајче Лазороски, Кире Јанковски, Дарко Стојчевски, Драган Димитровски, Трајче Недев, Тодорче Тановски, Пане Перуновски, Елизабета Брсаковска Георгиевска и м-р Срѓан Стојмановски.
Голема благодарност до моите студенти од Институтот за географија од наставната насока, туризам, ГИС и демографија кои беа незаменлива алка во реализацијата. И секако благодарност до учениците учесници на натпреварот и професорите по географија.
Благодарност до сите кои допринесоа да бидеме едно големо географско семејство.

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*