Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » 10 интересни факти за Прага, еден од најубавите градови во Европа!

10 интересни факти за Прага, еден од најубавите градови во Европа!

1.06.2017

Пред 30 години, Прага била голема мистерија за светските патници, но денес е една од најатрактивните туристички дестинации во Европа. Околу 4 милиони луѓе го посетуваат градот секоја година и тоа со причина. Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и научници од целиот свет. Како популарна туристичка дестинација, Прага со гордост го зазема шестото место на најпосетувани европски градови.

Ви издвојуваме неколку интересни факти кои вреди да се знаат:

  • Во Прага се наоѓа најголемиот замок во светот. Познатиот замок бил дом на чешкиот крал, претседателот, дури и на императори. Комплексот на замокот зафаќа преку 7 хектари земјиште, што го прави најголем ваков комплекс во светот.
  • Прага е светскиот главен град на пивото. Огромниот број туристи трошат илјадници тони пиво, а секој жител на Чешка пие по 163 литри пиво годишно, што е најмногу во светот.
  • Прага е позната по практикувањето алхемија во средниот век. „Магионичарите“ кои претварале минерали во злато, го докажувале својот статус во општеството кога властите ќе им одобреле државно финансирање.
  • Автомобилската марка Шкода, основана од Емил Шкода, е една од само четирите автомобилски марки кои можат да се пофалат со историја подолга од 100 година.
  • Во 1951 година докторот Јарослав Скала ја организирал првата „станица за трезнење“ во Прага. Неговите третмани се базирале на: рутина, општествена работа, спорт и пеење антиалкохолни песни.
  • Бебето Исус што се наоѓа во Прага е еден од најценетите христијански артефакти во светот, на кој му се припишува моќта на исцелувањето.
  • Во Чешка и особено во Прага има најголем број обележани пешачки патеки во светот. Од 2002 година, во Чешка има преку 38.000 километри вакви патеки.
  • Градот Прага има повеќе прекари, меѓу кои: Градот на 100 кули, Златна Прага, Магичната Прага, Срцето на Европа итн.
  • Во Прага има голем број приватни и државни универзитети, а можеби најпознат е Карловиот универзитет, основан во 1348 година од Императорот Карло IV. Оваа образовна институција има исклучително ригорозен процес на селекција (1 во 400 апликанти добиваат можност да студираат).
  • Чешкиот доктор кој работел во Прага, Јан Јански, е првиот што ја поделил крвта на 4 крвни групи, уште во 1907 година.

Настани за сечиј вкус ќе најдете во било кој период од годината, но Прага е посебно убав град кога сонцето ќе огрее и градот блеснува во пролет. Кога се движите по историските улици, каде и да се свртите сè изгледа како бајка. Речиси од секој дел на Прага, можете да го видите замокот кој уште повеќе ја надополнува таа бајковите слика. Колоритни градби, готски цркви, астрономскиот часовник и популарни барови, каде многу познати историски личности црпеле инспирација за своите дела, антички продавници и улици резервирани специјално за најлуксузните светски брендови. Сето ова можете да го најдете во 2-милионскиот град Прага. Огромен број на прекрасни градини и паркови, колку што не можат да се избројат, а нивната убавина најдобро ќе ја искусите во пролет. Превкусна традиционална чешка храна, која ја има на секој чекор, каде и да погледнете. Ако овие работи не ве убедуваат да го посетите градот, еве уште еден факт: пивото никаде на друго место не е послатко и е поевтино дури и од водата.

Изработил: Трпковски Бојан, насока туризам.

Објавено од:

Од категорија: По Светот

Leave a Reply

*