Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Пирамиди во Кина

Пирамиди во Кина

15.12.2011.   Подготвил:  Ивица Маџевиќ.


Најпознати пирамиди во светот се Египетските, притоа импресионирајќи го просечниот човек со нивната старост, бројот, големината итн. Но, не само што не се најстарите, ниту се најбројните, ниту најголемите. За докажување на оваа теза се упатуваме на Делечниот Исток, во кинеската провинција Шенси, каде се наоѓаат преку 100 пирамиди, потполно непознати за широката светска јавност. Станува збор за забранета зона околу градот Ксиан. Првата вест за постоење на овие гигантски пирамиди се појавува во американскиот дневен весник „Rocky Mountain News‟ на 31.03.1947 година. Полковникот на американската војска Морис Шехан, во тоа време директор на далекуисточниот сектор на авиокомпанијата Trans-World Airlines, бил автор на текстот. Покрај текстот приложил и фотографија која во 1945 година, за време на Втората светска војна ја снимил американски пилот, во време кога кинеските власти дозволувале слободно прелетување на американските авиони. Со анализа на фотографијата установено е дека тоа е пирамида висока близу 300 метри, со што двојно ја надминува височината на највисоката пирамида во Египет. Подоцна меѓу археолозите оваа пирамида ќе биде наречена „Бела пирамида‟.

Оваа вест набргу ќе биде заборавена. Десетина години подоцна, во 1957 година, ќе биде спомната во американското списание „Life Magazine‟, каде се вели дека фотографијата ја направил американски пилот – доброволец кој пренесувал резерви за кинеската армија преку Хималаите. Фотографијата ја направил околу 100 км југозападно од градот Ксиан.

Дури во 1994 година успева и тоа во два наврати пирамидите да ги посети некој странец, тоа бил Австријанецот Хардвиг Хаусдорф. Резултат се две книги на германски: „Бела пирамида‟ и „Сателити на боговите‟. За време на првата посета во април 1994 година имал можност да види 6 пирамиди. Во август истата година, цесо видео камера снимил видео запис во должина од 18 минута ја снимил целата област. На околу 2.000 км кв. избројани се преку 100 пирамиди, чија висина им е во просек од 25-100 метри. Откако ги објавил снимките кинеските власти забрануваат било каква посета на регионот од некој странец. Покрај тоа во близина на Белата пирамида подигаат лансирана рампа за својот вселенски програм и со тоа официјално ја прогласуваат зоната за војно заштитена и недопирлива. Исто така Кинеските власти наредиле пирамидите да бидат посадени со брзорастечки четинари. За многу бргу време шумата ќе биде толку густа и на прашањата за постоењето на пирамидите ќе се одговара со: „За кои пирамиди зборувате, зарем не гледате дека станува збор за ридови со шума‟. Хаусдорф во разговорот со кинескиот археолог Ксиа Наи дознава дека Кинезите ги забрануваат истражувањата со цел идни генерации со посовршена технологија да го сторат тоа.

Некои од пирамидите се во прилично руинирана состојба. Главно градени се од глина. Локалното население некои од нив ги оштетило користејќи ги за градење на своите куќи. Архитектурата на пирамидите потсетува на оние во Централна Америка со плато на врвовите, на некои од нив може да се видат остатоци од храмови. За објаснување на потеклото и староста на овие пирамиди треба да се потпреме на пронајдените артефакти и хиероглифи во нивната близина и на нивните ѕидови. Според три постоечки извори (споменатите книги на Хаусдорф, книгите на виенскиот автор Петар Крас од 1974 и 1984 година кој е и ко-автор на книгата „Сателити на боговите‟, како и текстовите на австралијанецот др. Хуртак) во околина на пирамидите постојат гробови со костури. Станува збор за чудни хуманоидни суштества со големи глави и неразмерно мали тела со височина од 120 цм. Во гробниците пронајдени се стотина камени дискови со непознати хиероглифи. Досегашниот единствен обид за нивно преведување бил во 1967 година  од страна на кинески археолог. Објаснувањето е дека станува збор за „несреќен случај на вселенски летала пред повеќе од 12.000 години‟?

Литература:

– Семир Османагиќ – „25 пирамиди на древниот свет‟
– Семир Османагиќ – „Цивилизации пред почетокот на официјалната историја‟

 

Оваа статија е прочитана 3504 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger