Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » Како ураганите ги добиваат имињата?

Како ураганите ги добиваат имињата?

26.09.2017

Изминативе недели, ураганите беа во фокуст на вниманието. Се започна со Харви, кој зад себе остави илјадници луѓе без “кров над глава” и штета која е проценета на над 150 милијарди долари. По него следуваа ураганите: Ирма, Хозе и Катија, во моментов актуелен е ураганот Марија, додека Ли е во фаза на формирање.
Доколку имињата на ураганите ги напишеме на латиница (Harvey, Irma, Jose, Katia, Lee, Maria),  и доколку ги земеме само првите букви од нивните имиња (H – I – J – K – L – M), можеме да забележиме дека тие се подредени по абецеден редослед.
Имињата на ураганите се однапред дефинирани во листи кои се изработени од страна на Националниот центар за урагани на Америка. На листите, по абецеден редослед (A-Z), е запишано 21 име. Една листа е наменета за една календарска година, а сето тоа е однапред испланирано за наредните седум години. Па така, уште од сега, се знае дека првиот ураган во 2022 година ќе го носи името Алекс – додека последниот ќе се вика Валтер (доколку во календарската година се регистрира 21 ураган). Доколку во календарската година се забележат повеќе од 21 утаган, следниот 22 ќе започнува со првата старогрчка буква (алфа). Тоа се прави со цел да се избегне појава на двојни имиња.
Имињата на најкатастрофалните урагани се издвоени и не се користат повеќе. Последни имиња на овој список се: Метју и Ото од 2016 година. Покрај нив на оваа листа се наоѓаат: Ерика, Јоакин (2015),  Ингрид (2013), Синди (2012), Ирена (2011), Игор и Томас (2010).

Ураганите кои настануваат како последица на преминот од бура во ураган – не добиваат име кое однапред е дефинирано во листите. Пацифичките урагани се именуваат според други листи. Овие листи се дефинирани од страна на 14 Пацифички земји, на самитот одржан до Токио. Сите листи се достапни на следниот линк.
Денешната приктика за именување на ураганите започнала во почетокот на 50-тите години од минатиот век. Долгите низи од бројки и букви се покажале како многу комплексни решенија. Замената на долгите кодови со имиња значително ја поедноставило идентификувацијата на ураганите.

Некогаш, ураганите биле запишувани и со координати (географска широчина и должина) но поради нивното движење овој метод се покажал како несоодветен. Во XIX век, поради големото влијание на религијата, ураганите биле именувани според имиња на католички свештеници.
Иако машките и женските имиња се користат во именувањето на ураганите, веќе со децении силните урагани почесто добиваат женски имиња. Оваа практика потекнувала од морнарите кои за време во Втората светска војна ги именувале големите тропски бури и урагани според имињата на своите сопруги или љубовници.
Традицијата за именување на ураганите со женски имиња била прифатена од тогашните власти на САД, и истата се применувала се до 70-тите години од минатиот век, кога кампањите за полова еднаквост и отфрлање на предрасудите кон жените ја означиле традицијата како несоодветна и полово дискриминирачкa. Иако оваа практика била отстранета во 1979-та година, сепак старите ставови и родови предрасуди се задржани, каде истите се рефлектираа во контроверзното рецензирано списание, во кое пишува дека ураганите кои се именувани со женски имиња се повеќе смртоносни, бидејќи населението тие урагани не ги сфаќа сериозно, што претставува голема грешка.

Извор: www.geospatialworld.net/blogs/know-hurricanes-named

Подготвиле: Арсе Кузмановски и Кристијан Вељаноски

Оваа статија е прочитана 1592 пати!

Автор:

Од категорија: На тема

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger