Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Во понеделник, Европската вселенска агенција започнува со бесплатен онлајн курс за далечинска детекција

Во понеделник, Европската вселенска агенција започнува со бесплатен онлајн курс за далечинска детекција

5.10.2017

На 9 октомври 2017 година (понеделник), Европската вселенска агенција ESA (Europe Space Agency) почнува со голем бесплатен онлајн курс наречен Echoes in Space, посветен на запознавање и практична работа со радарски сателитски снимки. Курсот не е ограничен временски, односно секој заинтересиран учесник ќе може да ги следи предавањата и вежбите согласно со неговото слободно време. Регистрацијата е веќе отворена за секој кој е заинтересиран да научи нешто повеќе за користењето на радарските снимки за мониторинг на Земјината површина. Во текот на курсот, акцент ќе биде ставен на апликативната страна на радарските сателитски снимки, како детектирање и користење на водни ресурси, природни ризици-хазарди, покровност и класификација на користење на земјиштето.

Освен апликативен, овој курс содржи и теоретско-историски осврт, каде учесниците ќе бидат запознаени со историјата на радарската технологија и откривањето на електромагнетните бранови. Понатаму ќе биде опфатен начинот на прибирање на снимките, користените сензори, корекција на снимките и др., со што учесникот ќе стекне доволно почетно знаење за понатамошно надоградување и работа со овој тип на податоци.

Овој курс е одлична можност за проширување на личното знаење, особено на оние заинтересирани за далечинска детекција (remote sensing) и ГИС. Во таа смисла ќе биде доста корисен за студентите на насоката ГИС при институтот за Географија кои го ислушале предмет далечинска детекција, но и оние кои допрва ќе се сретнат со истиот.

За да се регистрирате за курсот, кликнете овде.

Подготвила: Моника Андрееска

Оваа статија е прочитана 424 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger