Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

14.10.2017

На 6 октомври 2017 година, од страна на Македонско географско друштво беше организиран теренски семинар за професорите по географија на просторот на Кочанската Котлина. Освен главното предавање од проф. д-р Александар Стојмилов посветено на ДЕМОГРАФСКИОТ И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ГРАДОТ КОЧАНИ, попатно професорот Стојмилов говореше за природно-географските и социо-економските карактеристики на просторот низ кој се одвиваше патувањето, со што беше збогатена едукативната содржина на семинарот.
На просторот на градот Кочани учесниците на семинарот имаа можност да ги посетат етно куќата во градот како дел од проектот Еднакви во културните различности, а во непосредна близина на градот и вештачкото езеро Градче и да уживаат во убавините на околната природа.

Семинарот се одвиваше во пријатна атмосфера и дружење на различни генерации географи.
Во оваа прилика чувствуваме потреба да се заблагодариме на Институтот за географија за обезбедениот превоз за реализација на семинарот.
Голема благодарност до проф. д-р Александар Стојмилов кој со задоволство ја прифати поканата да биде предавач на семинарот.
Воедно голема благодарност до нашите домаќини во Кочани професорите: Драги Рашков, Сашко Стефановски и Елена Крстева, кои ни посакаа добредојде во Кочани.
Благодарност до сите учесници на семинарот кои со своето присуство придонесоа за успешно реализирање на семинарот, со желба семинарите од овој вид да преминат во традиција.

Автор: Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*