Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » ГОЛЕМИОТ КОРАЛЕН ГРЕБЕН

ГОЛЕМИОТ КОРАЛЕН ГРЕБЕН

Great Barrier Reеf се наоѓа на Североисточниот континентален шелф на Австралија и е најголемото подрачје на Светското наследство што се протега на над 2.000 километри и опфаќа 348.700 км2. Поголем од Италија, тоа е едно од најпознатите заштитени морски подрачја. Исто така, тој е најголемиот систем на корален гребен во светот и содржи мошне голем биолошки деверзитет, т.е. разновидност.

Great Barrier Reef e  веројатно најбогатата област во светот во смисла на разновидност на фауната. Неговата голема разновидност е одраз  на екосистем кој еволуирал, односно се развивал развила во текот на повеќе илјадници години, на северо-источниот континентален шелф во Австралија.

Овде е застапена голема разновидност на видовите, вклучувајќи повеќе од 1.500 видови на риби, околу 360 видови на корали, 5.000 видови на мекотелите, и повеќе од 175 видови птици, плус голема разновидност на сунѓери, морски ракови и црви и друго.

Гребеновиот систем на некој начин е продолжение на Папуа Нова Гвинеја и се состои од околу 2900 индивидуални гребени застапени во разни големини и форми кои покриваат повеќе од 20.000 km2. Исто така, постојат околу 600 континентални острови, вклучувајќи многу кои имаат  високи шуми и слатководни текови и уште 300 други острови.

Great Barrier Reef е најголемата и единствена структура изградена од живи организми во светот која може да се види и од вселената. Оваа гребенска структура е составена и изградена од милијарди мали организми, познати како корални полипи каде благодарение на нив коралниот гребен постојано расте. Овој гребен содржи голема разновидност на жив свет и во 1981 година, прогласен е за Светско приридно наследство. Светската мрежа CNN го има означено како едно од седумте светски чуда.

На посетителите кои доаѓаат тука може да им се причини дека Коралниот гребен е убаво и мирно место, но истовремено тоа е место каде што се одвива бесконечна борба, односно секој организам кој живее тука се бори со останатите за храна и простор.

Најголемата и значајна активност на коралните гребени се случува во текот на ноќта. Тогаш се хранат коралните полипи, така што, тие, на нивен специфичен начин успеваат да привлечат кон себе помали организми и растенија.

Во текот на пролетта се случува интересен и необичен настан. Имено, долж целиот корален гребен, на некој непознат хемиски или светлосен знак, целата популација на полипи реагира, односно испушта портокалови, црвени, сини и зелени честички на јајце клетки и сперматозоиди. Тие честички испливуваат на површината и ја покриваат со светли бои.

Потоа, тие честички се отвораат и настанува мешање на јајце клетките и сперматозоидите, така што, тие создаваат нови полипи, кои пак, плимата ги носи во потрага по соодветно и слободно место каде што ќе можат да изградат нов корален гребен.

На животот помеѓу коралите се прилагодиле и морските полжави, ракови, големите желки, морски змии и риби со бесконечно различни бои и нијанси. Исто така, на коралните острови живеат мнoштво птици. Спектакуларната убавина на гребенот и репутацијата што ја има низ целиот свет, го прави да биде еден од најпосетените национални паркови во светот.

Great Barrier Reef е многу позната и посетена дестинација од туристите, особено на островите Whitsunday и градот Cairns (Кернс). Туризмот претставува значајна економска активност во оваа област, создавајќи 1 (една) милијарда австралиски долари годишно.

Подготвил: Трајче Лазороски

Литература:

Димитровска О. (2009): Заштита на природното наследство, Селектор, Скопје.

Интернет страни:

http://whc.unesco.org/en/list/154.

http://en.wikipedia.org/wiki/Great_Barrier_Reef.

Оваа статија е прочитана 2737 пати!

Автор:

Од категорија: По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger