Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » По Светот » Вулканот Суртсеи

Вулканот Суртсеи

Суртсеи е вулкански остров на јужниот брег на Исланд. Неговите координати се: 63°18´11”С, 20°36´17”З/ 63.303° С, 20.6047° З, и е најужната точка на Исланд. Формиран е од вулканска ерупција која започнала 130 метри под морското ниво и стигнала до површинатана 14 Ноември 1963 година. Ерупцијата траела до 5 Јуни 1967 година, кога островот ја постигнал својата максимална големина од 2.7 км2. Од тогаш ветерот и брановите создавале ерозија која предизвикала постепено намалување на големината, така во 2002 година таа површина била измерена на 1.4 км2.

Подморските потпори кои го прават Суртсеи  се дел од островите Вестман, подморски вулкански систем и дел од пукнатина од морскиот под наречен Средно-Атлански гребен.

Вулканот Суртсеи се класифицира како лавичен тип на вулкан. Тој се наоѓа на најјужниот брег на Исланд. Неговите ерупции траеле околу четири години, односно од 1963 година до 1967 година со што се формирал остров.

Островот имал површина со максимална големина од 2.7 км2 и тоа било формирано главно на вулкански камења, односно од лабаво натрупување на вулкански камења, кои под дејство на водата ерозираат и површината малку по малку се намалува.

Исто така, при ерупција на 0.6 км Јужно од Суртсеи, се формирал и мал остров кој бил именуван како Малиот Суртсеи. Тој создавал една десеттина од вулканскиот матерјал што го создавал Суртсеи. По едно ерозирање и исчезнување тој повторно се појавил за потоа, брановите по втор пат го ерозираат и тој да исчезне. Подоцна, слично на него се формирал уште еден остров кој се појавувал и исчезнувал неколку пати.

Според истражувањата спроведени на самиот остров од страна на научниците може да се види дека по престанувањето на ерупциите во следните 20 години тој изгубил 3 стапки во вертикала, но дека од година во година се намалува ерозирачкото дејство на многу помал процент.

На Суртсеи има и растителен и животински свет. Од растенијата застапени се лишаите, мовот и многу други, а од животните застапени се повеќе видови на птици, галеби и други, додека пак, од морскиот живот има фоки, орки и слично.

За антропогено влијание на островот може да се каже дека тоа е застапено преку изградба на куќичка за тие што претстојуваат на него привремено со цел да вршат истражувања и најново е тоа што во 2009 година поставена е метеоролошка станица и веб камера со што може во живо да се гледа моменталната слика на островот.

За предвидувањата за во иднина може да се каже дека според некои претпоставки ерозијата се повеќе ќе се намалува и островот ќе опстојува до 2100 година, а според други дека тој ке опстане и со векови.

Суртсеи е прогласен за пририден резервоат во 1965 година дури ерупцијата се уште била активна. Денес, само на мал број на научници им е дозволено да чекорат по Суртсеи. Единствен начин да се види островот е со помош на мал авион. На овој начин природниот еколошки тек на островот нема да биде нарушен од надворешно влијание. Во 2008 година, УНЕСКО го прогласи островот за светско наследство заради огромната научна вредност.

Што се однесува до Исланд, за него може да се каже дека тој е доста вулкански активен. Имено, на островот има 130 вулкански планини и во текот на изминативе 500 години, Исланд учествува со една третина од вкупната истечена лава на глобално ниво. Тоа е така  заради позицијата на самиот Исланд, односно тој се наоѓа на средината на Средно-Атланскиот гребен и под него има вулканско жариште. Исто така, Исланд е богат со геотермална енергија бидејќи изобилува со присуство на Гејзери.

Тој беше актуелен во 2010 година, поради вулканот “Eyjafjallajökull” кој испушти големо количество на вулканска прашина која достигна високо во атмосферата и се прошири низ неа, со што привремено го затвори воздушниот сообраќај во Европа.

Подготвил: Трајче Лазороски

Литература:

Боев Б. (2006): Општа Геологија, Геомап, Скопје

www.surtsey.is

www.wikipedia.com

 

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*