Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Уште една успешно реализирана теренска настава низ Република Бугарија

Уште една успешно реализирана теренска настава низ Република Бугарија

27.10.2017

Во периодот од 19-21.10.2017 година веќе традиционално беше реализирана теренска настава за потребите на студентите од Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет, а на територијата на Република Бугарија. Теренската настава се одиваше на релација: Скопје – Струмица – Мелник – Сандански – Благоевград – Рилски Манастир – Софија – Скопје.

Студентите, кои во најголем број беа од насоката туризам, имаа можност да видат како изгледа да се биде активно вклучен во одредени туристички форми и тоа: преку вински туризам, со посетата на Мелник (најмалиот град во Бугарија) и Музејот на виното, спа и бањски туризам, со посетата на еден од најафирмираните спа центри во Република Бугарија, лоциран во градот Сандански, потоа урбан и шопинг туризам преку посетата на Благоевград, уште познат како студентски град во Бугарија и главниот град на земјата, Софија. Понатаму,  студентите имаа можност да го видат еден од најзначајните религиозни и манастриски центри на Балканот, Рилскиот манастир итн.

За време на престојот во Сандански групата имаше можност да ја следи прославата по повод 105 годишнината од ослободувањето на Свети Врач (Свети Врач е старото име на Сандански. Во превод значи лекар, односно некој што лекува. Ова доаѓа од лековитоста на околните извори. Новиот топоним официјално е прифатен во 1949 година. Тогаш градот го добива своето име по македонскиот револуционер Јане Сандански).

Големо искуство за студентите беше нивната активна вклученост во процесот на изведување на теренската настава, како и можноста да научат нешто повеќе преку предавањето и прошетката низ сместувачки капацитет, категоризиран со 4 ѕвездички кој важи за еден од најуспешните во регионот, но и да го слушнат предавањето на еден од водечките менаџери на истиот.

Теренската настава беше успешно реализирана и беа исполнети сите предвидени содржини согласно програмата за патување.

За успешна реализација на теренската настава покрај студентите и нивното примерно однесување заслужни беа и претставниците на наставниот кадар, и тоа: проф. д-р Ристо Мијалов, проф. д-р Драган Колчаковски, проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, проф д-р Билјана Апостоловска Тошевска и асист. м-р Христина Димеска.

Организатор на патувањето и реализатор на предвидената програма беше туристичката агенција Оскар Травел Сервис.

Подготвила: м-р Христина Димеска

Оваа статија е прочитана 477 пати!

Автор:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger