Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Езерото Блед – бисерот на Словенија!

Езерото Блед – бисерот на Словенија!

10.11.2017

На само 50 km северозападно од Љубљана и на околу 25 km јужно од Австрија, се наоѓа градот Блед. Станува збор за мал град со совршена местоположба – на падините на планинскиот венец Јулиски Алпи. Во непосредна близина се наоѓа и прекрасното Бледско Езеро.

Езерото Блед се наоѓа на надморска височина од 2.120 m. Езерото има широчина од 1.380 m, а максималната длабочина изнесува околу 30 m. Ова езеро има тектонско потекло, а последното ледено доба го довело во сегашната форма. Всушност, кога мразот од врвовите во последното ледено доба се стопил, тој се растекол по падините и така се формирало езерото. Водите на езерото во североисточниот дел се топли и во текот на летото достигнуваат температура од 26° C. Ова се должи на термални извори повторно со тектонско потекло, па може да се каже дека е едно од најтоплите алпски езера во светот.

Во средината на езерото се наоѓа единствениот остров во Словенија. Таму се откриени и траги од праисториски луѓе кои датираат од XIти век п.н.е. Денес на неговата територија се наоѓа  древна словенска населба која датира од IX-Xти век, во која има црква и прекрасен дворец. Камбанаријата на оваа црква е мотив по кој се препознава ова место.Постои една интересна легенда поврзана со Блед. Имено, вдовицата Поликсена, по смртта на својот маж, целото злато и сребро кое го имала го дала за да се направи ѕвоно во негов спомен. Ѕвоното се правело во Италија и при неговото пренесување бродот потонал, а вдовицата се замонашила во Рим.

По нејзината смрт Папата испратил ново ѕвоно, кое  се нарекува „Ѕвоно на желбите” и се верува дека на секој што ќе го допре ќе му се исполни една желба.

Над езерото се наоѓа и замокот Блед кој е  стар повеќе од 1000 години. Замокот се наоѓа на височина од 100 m. Тој претставува убава средновековна тврдина со кули, тврдини, ровови и бројни тераси со неверојатен поглед.

Поради својата планинска клима, езерото Блед некогаш се сметало за здравствен центар, а на езерото имало пријатни места за капење. Езерото нема поголеми природни притоки, се снабдува само со неколку извори. Исто така, постојат и термални извори во североисточниот дел на езерото, кои ги снабдуваат базените на хотелите во Блед.

Блед е главно туристичко место, како во летниот така и во зимскиот период. Езерото е сместено во прекрасна живописна околина, опкружена со планини и шуми. Нуди идеални услови за велосипедизам и планинарење. Патеките се опкружени со прекрасна дабова, борова и брезова шума.

Извори:


Изработила:
Вероника Коцева

Корекција: Билјана Бабаноска

Оваа статија е прочитана 543 пати!

Автор:

Од категорија: По Светот · Tags: ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger