Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Гиторн – „Холандската Венеција“

Гиторн – „Холандската Венеција“

6.11.2017

Холандија е позната по своите канали, цвеќиња, воденици, како и богатата историја. Во северниот дел од Холандија се наоѓа селото Гиторн (на холандски – Giethoorn), кое е необично и нетипично за разлика од другите села. Она што го прави Гиторн необично е тоа што во селото не постојат патишта, туку канали со вода. Во селото нема изградено никаква патна инфраструктура освен канали кои се оспособени за пловење со чамци. Така, жителите на Гиторн мора да пловат за да дојдат до своите домови, работни места, училишта и слично.Селото го добило своето име од страна на првите жители кои се доселиле тука и пронашле стотици коски од кози, односно има потекло од зборот gietehorens, што значи коска од коза. Целото село е изградено на мрежа на ниски канали, а истите се вистинска атракција за туристите кои го посетуваат ова место. Каналите првобитно биле ископани за да се пренесува градежен материјал, но по копањето се појавиле и многу бари, плитки езера и острови. Со оглед на тоа, Гиторн има и рекорден број на мостови – дури 176.

Гиторн е основано од страна на бегалци од медитеранскиот регион некаде околу 1230 година, а станало познато во 1958 година откако таму била снимена познатата комедија Fanfare. Ова место успеало да ја зачува целата убавина и автентичност,  поради што многумина денес го опишуваат како „Холандска Венеција“. Со население од само 2.600 жители и малку развиен туризам, Гиторн е живописно, мирно место.Поради положбата на селото и самите канали со вода, туристите се принудени да ги оставаат нивните автомобили надвор од селото бидејќи нема каде да ги возат. Селото може да се заобиколи исклучиво со чамец, а во некои делови постојат и велосипедски патеки. Мирот, зеленилото и здравата храна се главни одлики кои привлекуваат туристи во било кој период од годината.

Извори:


Изработи:
Марија Василевa

Корекција: Билјана Бабаноска

Оваа статија е прочитана 661 пати!

Автор:

Од категорија: По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger