Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема » Големата тајна на Сончевиот систем – Сатурновите прстени

Големата тајна на Сончевиот систем – Сатурновите прстени

19.11.2017

Сатурн е шестата планета во Сончевиот систем. Таа орбитира околу 10 астрономски eдиници од Сонцето и е втора по големина планета во Сончевиот систем после Јупитер. Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е наречен гасен џин. Познат е по својот систем на прстени, кои главно се состојат од честички мраз со помала количина на остатоци и прав.

Од Сонцето просечно е оддалечен 1.427 милиони km. Ексцентричноста на неговата патека е нешто поголема од таа на Јупитер, па затоа неговата оддалеченост во перихел изнесува 1.330 милиони km, а во афел 1.490 милиони km.

Оддалеченоста на Сатурн од Земјата варира помеѓу 1.190 милиони km кога е најмала и 1.630 милиони km кога е најголема. Зафатнината е за 745 пати поголема од Земјината. Но, густината е мала, односно, само 0,7 од густината на водата, па затоа Сатурновата маса е само 95 пати поголема од Земјината.

Она што Сатурн го вбројува меѓу најубавите планети на небесниот свод е неговиот прстен. Прстенот го открил Галилео Галилеј во 1610 година, но поради слабиот квалитет на телескопот, не можел да го определи вистинскиот облик. Овој прстен има сложена градба, затоа што претставува систем на геоцентрични прстени со различен сјај.

Изграден е од милијарди мали парчиња мраз со димензии од неколку милиметри до стотици метри, но просечната големина им е околу 10 cm. Вкупната маса на прстенот се смета дека е 1.000 пати помала од масата на Месечината. Прстенот има пречник од 270.000 km, а дебелината му е неколку стотина метри.

Прстенот е поделен на тесни делови кои се именуваат со големи букви. Најдобро се гледаат прстените А и B, меѓусебно раздвоени со Касиниевата пукнатина. Прстените околу Сатурн се состојат од материјал кој во најголем дел потекнува уште од време на формирање на Сатурновите сателити.

Астрономот Кристијан Хајгнес во 1655 година увидел дека прстените не се цврсти, туку дека се составени од вселенски остатоци кои орбитираат околу планетата.

Во 1675 година, Џовани Доменико – Касини открил дека Сатурновиот прстен се состои од неколку помали прстени со празнини меѓу нив. Овие празнини подоцна биле наречени „Касиниева пукнатина“.

Прстенот А е најголем надворешен прстен. Во овој прстен се наоѓа тесна празнина која е наречена Енкова Дивизија. Овој прстен е одделен од прстенот В со пукнатината на Касини.

Прстенот F е новооткриен надворешен прстен, кој бил откриен благодарение на сондата Voyager.

Прстенот B е најголем, најсветол и најголем од прстените. Неговата дебелина е проценета на 5 до 15 m, а неговата оптичка длабочина варира од 0,4 до повеќе од 5, што значи дека > 99% од светлината што минува низ некои делови на прстенот B е блокирана. Овој прстен, исто така, содржи голема варијација во неговата густина и осветленост.Прстенот C е широк, но послаб од другите прстени и е сместен во внатрешноста на прстенот B. Овој прстен бил откриен во 1880 година од Вилијам и Џорџ Бонд. Вилијам Ласел го нарекол “Крепсен прстен”.

Прстен D е најскриениот прстен и е многу слаб. Во 1980 година, Voyager 1 во рамките на овој прстен открил три подпрстени наречени D73, D72 и D68.

Голем број на астрономи во минатото ги интересирало како се создадени прстените. Денес со најновата технологија дојдено е до теорија за нивното настанување, според која прстените на Сатурн всушност се остатоци од Сатурновата Месечина која исчезнала пред 4,5 милиони години.

Според Робин Кануп, прстените се формирале така што месечината почнала да се движи кон спиралата на Сатурн, при што се судрила со слојот од мраз кој се наоѓал околу Сатурн.Сатурн не е единствената планета во Сончевиот систем што има прстени. Јупитер, Уран и Нептун исто така содржат слаби прстенести системи, но Сатурн со своите сателити кои опфаќаат три четвртини од растојанието на Земја – Месечина (282.000 km) е најголема и највидлива.

Извори:

Изработи: Драгана Ефтимова

Корекција: Билјана Бабаноска

 

Оваа статија е прочитана 630 пати!

Од категорија: Географски вести, На тема · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger