Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности, Географски вести, По Светот » Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

11.01.2018

Деновиве добивме интересно прашање: каде би излегле ако ископаме извонредно длабок вертикален бунар на некое место во Македонија?

Одговорот на ова прашање е релативно едноставен. Со оглед на тоа што Земјата има приближно топчеста форма, замислениот бунар би излегол на спротивниот крај на топката, односно за разлика од 180°. Бидејќи Македонија се наоѓа на околу 41° с.г.ш и 21,5° и.г.д., тоа значи дека замисленото дно на бунарот (поточно „излезот“) би било на околу 41° ј.г.ш. и на околу 158,5° з.г.д. Оваа област се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан, околу 2000 km источно од Нов Зеланд. Сепак, вакво нешто е сосема невозможно дури ни во далечна иднина, поради следното:

  • Пречникот на планетата Земја во наведениот правец изнесува 12.750 km, што е навистина големо растојание;
  • Кон центарот на Земјата, температурите се искачуваат на повеќе од 6000°C, а притисоците се неверојатно високи. Таква температура и притисок не може да издржи ниту еден досега познат материјал;
  • Дури теоретски и да се издупчи тунел до другиот крај на планетата, тој ќе излезе на дното на Тихи Океан на длабочина од на 5000 m. Овде повторно има многу високи притисоци поради дебелината на океанскиот столб;
    Добра претстава за тоа каде би излегле при такво замислено дупчење на бунар може да добиете преку оваа апликација.

Инаку, досега најдлабоката дупка во светот направена од човечка рака е длабока 12,3 km и се наоѓа на полуостровот Kола во Русија (делот на Скандинавија). Целиот процес на дупчење до таа длабочина траел 22 години и тоа од 1970 до 1992 година. На крај, планот да се оди уште подлабоко бил напуштен поради високите температури (од близу 200°C) на кои се наишло.

Автор: д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 2547 пати!

Од категорија: Активности, Географски вести, По Светот · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger