Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, По Светот » Интересни факти за нуклеарната енергија

Интересни факти за нуклеарната енергија

13.01.2018

Терминот „нуклеарна енергија” најчесто се поврзува со многу негативности кои имат штетно влијание врз животот на луѓето, како што се оружјата за масовно уништување, радиоактивноста, радиоактивниот отпад и слично. Негативностите силно ги притискаат позитивните придобивки, недозволувајќи им да испливаат на површина. Нивната озлогласеност помеѓу народот е голема – толку многу голема што преминува во страв. Нуклеарните катастрофи кои се случиле во минатото дополнително го разгоруваат тој страв.

Покрај тоа, неспорно е дека нуклеарната енергија е најголем извор на електрична енергија. Од еден килограм ураниум се добиваат 45,000 KWh електрична енергија. Аналогно на тоа 1kg ураниум одговара на 10,000 kg природно гориво или 15,000 kg јаглен.

Досега, вкупно 31 држава го искористува нуклеарниот потенцијал за добивање на електрична енергија.

Во продолжение следуваат некои интересни факти за искористувањето на нуклеарната енергија во земјите ширум светот:

  • Само 30 (15,5%) од 193 членки на Обединетите Нации ги искористуваат нуклеарните потенцијали за производство на електрична енергија;
  • Тајван е единствената држава која произведува нуклеарна енергија и притоа не е членка на Обединетите Нации;
  • Северна Кореа е единствената држава која нема нуклеарна централа за производство на електрична енергија. Таа ја искористува нуклеарната енергија за развој на нуклеарно оружје. (Израел е втората држава од овој тип, но за јавноста сѐ уште не е познато дали развива нуклеарно оружје);
  • Вкупно 60,3% од светската популација живее во земји кои располагаат со нуклеарни централи. Сепак, овие држави учествуваат со 45,5% во вкупната копнена површина на Земјата;
  • 10,9% од производството на вкупната електрична енергија доаѓа од нуклеарните централи, односно од искористување на нуклеарната енергија;
  • Италија засега е единствената држава која ги има затворено свиоте нуклеарни централи и започнала да увезува електрична енергија од странство (поточно од Франција);
  • Словенија е најмалата држава, со површина од 21,273 km2 и приближно околу 2 милиони жители, која располага со нуклеарна централа;
  • Според IAEA, Соединетите Американски Држави располагаат со 100 нуклеарни централи кои произведуваат околу 798,616 GWh и учествуваат со 19,5% во вкупното производство на електрична енергија во државата;
  • Франција своето производство на електрична енергија го темели врз нуклеарната енергија, дури 76,9% од вкупното производство на електрична енергија доаѓа од овој извор. На нејзина територија се наоѓаат вкупно 58 нуклеарни централи;
  • Австралија и Антартикот се единствените континенти кои немаат ниту една нуклеарна централа;
  • Јужноафриканската Република е единствената афричка држава која располага со нуклеарна централа за производство на електрична енергија;
  • Австралија е единствената држава во светот која располага со огромно богатство на ураниум, а не го искористува за производство на електрична енергија. Таа досега нема изградено ниту една нуклеарна централа на својата територија;
  • Идонезија е државата со најголем број на жители која сѐ уште нема изградено ниту една нуклеарна централа;
  • Дури 18 Европски држави, вклучувајќи ги Русија и Ерменија, располагаат со нуклеарни централи за производство на електрична енергија.

На табеларниот приказ е прикажана експлоатацијата на ураниум (во единица мерка тон), за време од една календарска година, поделено по држави:Дури 2/3 од вкупното експлоатирање на ураниум во светот доаѓа од Казакстан, Канада и Австралија. Паралелно со отворањето на нови нуклеарни централи изминатава деценија, порасна и побарувачката на ураниум, тоа драстично ја зголеми неговата експлоатација.

Извори:

Автор: Кристијан Вељаноски, студент на Институт за географија, насока ГИС

Оваа статија е прочитана 1931 пати!

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger