Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник... » Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

17.01.2018

Во периодот од 10.01.2018 до 13.01.2018 во организација на Планинарскиот клуб „Македон“ и Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, сe реализира едукативен камп за ученици и млади во планинарскиот дом Вртешка на прекрасните падини на мистичната планина – Плачковица.

Програмата беше реализирана под водство на тројца искусни наставници и планинарски водичи: Петар Ивановски, Александар Кирковски и Дарко Стојчески . Главна цел на овој камп беше да ги однесеме младите во природа на чист воздух, но и истите да ги запознаеме и оспособиме со корисни географски и планинарски знаења и искуства. Во рамки на едукативниот камп се изведоа повеќе прошетки во природа со учење на терен, но и запознавање на природата и нејзините значајни карактеристики. Потоа беа презентирани планините во Р. Македонија и нивните убавини, високите планини во Европа – Алпите со посебен акцент на македонските искачувања, како и преставување на релјефот на карта, но и ориентација со помош на топографска карта и GPS. Покрај тоа учениците имаа можност да уживаат и да се забавуваат со повеќе географски квизови, спортски, но и друштвено – забавни игри.

Планинарскиот клуб “Македон“ заедно со ИЗСГ “Природник“ и во иднина имаат програма за реализација на слични активности и доближување на природата до младите генерации.

Планинарскиот дом Вртешка на планината Плачковица

Презентација на документарен филм – Македонско искачување на врвот Матехорн

Групна фотографија

Пишуваат: Александар Кирковски и Дарко Стојчески

Објавено од:

Од категорија: Природник... · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*