ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, По Светот » Разорен земјотрес ја погоди Алјаска
Разорен земјотрес ја погоди Алјаска
23.1.2018
Пред околу час и половина, Алјаска ја погоди разорен земјотрес со магнитуда од 7.9 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 256 km југоисточно од Чињак, на длабочина од 10 km. Досега имало 5 афтершокови, од кои еден од 7.0 и еден од 5.0 степени по Рихтер. Ситуацијата може да се следи овде.
Локалните жители се предупредени дека можна е појава на цунами. Исто така, можно е цунами да ги погоди бреговите на Бритиш Колумбија во Канада и Калифорнија во САД.

Предупредување за цунами, извор U.S. National Tsunami Warning Center
Дали се зголемува зачестеноста на земјотресите во светот?
Извори:
Автор: Антонио Трајков
Оваа статија е прочитана 4248 пати!
Од категорија: Географски вести, По Светот · Tags: Алјаска, земјотрес, САД