Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Наставни » Од одржаните општински натпревари по географија – 2018

Од одржаните општински натпревари по географија – 2018

12.02.2018

Во организација на Македонско географско друштво, на 10.02.2018 година – „денот на младите географи“, се организираа општинските натпревари по географија, а меѓу нив и општинскиот натпревар по географија за учениците од основните и средни училишта во Скопскиот регион. Натпреварот се одржа во ООУ „Лазо Трповски“ – Општина Карпош. На него учествуваа 156 ученици од основните и средните училишта. Истите беа дочекани со големо гостопримство од главниот организатор, координатор на Скопскиот регион д-р Милица Патраклиева, во соработка со комисија за спроведување и проверување на тестовите во состав: м-р Јасмина Тодоровска, Саниа Качар, Дарко Стојчески, Пане Перуновски, Сузана Јакимовска, Виолета Тодоровска, Весна Киприновска–Тодоровска, Јулијана Хиниќ, Драган Димитровски, Михајло Христов, Сунчица Милошевска–Стојановиќ и Јана Митковска.И оваа година со поддршка од претседателот на МГД, д-р Билјана Апостоловска Тошевска, учениците имаа можност да го искажат својот талент по предметот географија. Натпреварот помина во пријатна атмосфера, по што следеа позитивни мислења и коментари од сите учесници.
Во согласносност со Правилникот за оджување на натпреварите по географија, сите ученици кои ги освоија првите три места на општинските натпревари, како и сите кои освоија над 85 бодови, се стекнаа со право на учество на регионалниот натпревар.

Резултатите покажаа дека 65 ученици од основните и 15 ученици од средните училишта се пласираа на Регионалниот натпревар, кој ќе се одржи на 17.03.2018 година, во истото училиште.
Голема благодарност до училиштето како домаќин, до членовите на комисијата и тестаторите кои придонесоа успешно да се реализираат овие натпревари.
Им честитаме на сите пласирани ученици и на нивните ментори за постигнатиот успех. Им посакуваме уште поголема среќа и знаење на Регионалниот натпревар.

Автор: д-р Милица Патраклиева, Професор по географија и Координатор на Скопскиот регион.

Оваа статија е прочитана 3088 пати!

Автор:

Од категорија: Наставни

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger