Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема, Отворено... » ЗАДУШЕНИОТ ГРАД: ГЕОГРАФИЈАТА И АРХИТЕКТУРАТА НА СКОПЈЕ

ЗАДУШЕНИОТ ГРАД: ГЕОГРАФИЈАТА И АРХИТЕКТУРАТА НА СКОПЈЕ

25.12.2011  

Многу чести се дискусиите за Скоје, главниот град на Република Македонија (како многупати пред, а секако и во иднина) условно речено се дави во радијациони магли (прашина, чад, издувни гасови). Сите се прашуваат зошто, како да го надминеме овој проблем, кој е виновен итн. На овие и бројни други прашања одговори има, но прашање е дали некој сака да ги слушне, а камоли да постапи по нив. Имено, Скопје е град лоциран во Скопската Котлина која зафаќа околу 2000 км кв. површина. Од тоа Скопското Поле (рамничарскиот дел од Котлината) зафаќа околу 350 км кв. (344 км кв.). На таа површина урбаниот дел на градот зафаќа над 250 км кв. Конфигурацијата на теренот е така поставена дневно-ноќното движење на воздухот не доаѓа до израз, бидејќи најниските делови од полето се најурбанизирани. Во таа урбанизација, за да иронијата биде поголема во трка по профит по секоја цена, на сметка на националните интереси (заради привлекувањето на населението од внатрешноста на државата) продолжува да се гради, така што секоја слободна површина, наместо со зеленило се пополнува со згради.

Архитектите како да заборавиле на урбанистичките правила (и тие си викаат во себе, анџак ја добив работата дол`ност ми е да ја проектирам зградата, да наплатам за проектот друго не ме интересира, а бре каков урбанизам и убавина или функционалност на целината). Проектираат само згради не водејќи сметка за комуналните потреби на граѓаните (капацитетот на канализацијата, капацитетот на водоснабдување, електрична инсталација, топлификација, пристапни патишта, обезбедување паркиралишта).

Градоначалниците, се обидуваат да ги санираат недоличните урбани притисоци со изградба на катни гаражи, божемна организација на паркинзите, но ништо нее задоволително. Од друга страна градежниците притискаат (цената на становите во Скопје носела  профит), тие плаќаат комуналии, на своевиден начин ги полнат касите на општините. Тие пак (општините) задоволни, закрпиле нешто од комуналните потреби. Но, за сметка на тоа националниот интерес се повеќе се загрозува. Бројот на имигранти во Скопје од внатрешноста на државата перманентно се зголемува. Така, покрај раселувањето на руралната средина започнува раселувањето и на помалите урбани населби. Скопје, од град со околу 1/4 од населението на Република Македонија веќе опфаќа повеќе од 1/3 со тенденција на натамошен пораст.

Така се напушта, се празни територијата во внатрешноста на државата, се напушта примарното производство, така што реално е во блиска иднина сериозно да се постави проблемот на производство на храна од сопствени извори. Станува неминовност потребата од дисперзија на стопанскиот развој кон останатите региони и центри во државата. Затоа, место да се прогласуваат најуспешни градители во Скопје, нека се прогласат најуспешни стопанственици и градители ширум Република Македонија.

Автор на текстот: проф. д-р Благоја Маркоски, Институт за географија, ПМФ-Скопје

Објавено од:

Од категорија: На тема, Отворено... · Tags: ,

Leave a Reply

*