Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена » Десетте најчудни планети во Вселената

Десетте најчудни планети во Вселената

15.2.2018

Во 1994 година е откриена првата планета надвор од нашиот сончев систем. Александар Волцџан забележал невообичаени варијации во сигналот на пулсарот познат како Бета Пикторис, докажувајќи постоење на три планети во орбитата. Од ова откритие, откриени се најмалку 1.888 екстрасоларни планети, што доведе до револуција во начинот на кој научниците ја разбираат планетарната формација – па дури и еволуцијата на универзумот уште пред 13 милијарди години. Истражувањата за ѕвезди, планети и вонземски живот доведе до бројни извонредни откритија.

Beta Pictoris

Следните 10 планети се сметаат за најчудните планети кои се откриени:

1. J1407b

Често се опишува како „Супер-Сатурн“. J1407b изгледа како една масивна оптичка илузија. Се наоѓа на околу 434 светлосни години од Земјата, неговата маса е околу 40 пати поголема од онаа на Јупитер, а има и 37 прстени кои се движат околу 120 милиони километри.

Според Ерик Мамајкек, професор по физика и астрономија, ова е веројатно првиот индиректен доказ што го имаат месечините околу планетите надвор од нашиот сончев систем, а тоа никогаш порано не било видено.

2. HD 106906 b

HD 106906 b е 11 пати поголема од Јупитер, и е 650 пати подалеку од неговата ѕвезда. Се наоѓа во соѕвездието Крух на околу 300 светлосни години од Земјата. Сепак, и покрај огромното растојание од неговата ѕвезда, просечната температура на оваа планета е околу 1.500 °C.3. TrES-2b

TrES-2b e позната по тоа што е најмрачната планета некогаш забележана. Овој голем гасен џин не одразува никаква светлина и е целосно црн како јаглен и покрај орбитирање на растојание од само 3 милиони милји од неговата ѕвезда.

Се наоѓа на 750 светлосни години оддалеченoст од Сончевиот систем. Планетата е идентификувана во 2011 година како најтемна позната егзопланета, која одразува помалку од 1% од било која светлина што ја погодува.  Масата и радиусот на планетата укажуваат на тоа дека тоа е гасен гигант со составен дел сличен на оној на Јупитер.

4. 55 Cancri Е

 Егзопланетата, 55 Cancri Е, е оддалечена само 40 светлосни години од Земјата и поголемиот дел се состои од дијаманти. Ова ја прави речиси 8 пати потешка од нашата планета, и покрај тоа што е двојно поголема. 55 Cancri e беше откриена на 30 август 2004 година.

5. Gliese 436 b

Gliese 436 b е една од најзагрозувачките противречности на астрономијата и на шега е наречена „планета мраз“. Самата планета има просечна температура од 439 °C, таа е опкружена со многу ладен облак од водород кој е 50 пати поголем од нејзината големина. Благодарение на реакцијата што се случува помеѓу планетата и водородниот облак, прекрасната патека на испарената материја може да се види по орбитата на планетата.

6. GJ1214 b

Откриена е во 2009 година, GJ1214 b има дебела и парна атмосфера и е слична по големина на Земјата. Според Захари Берта, од Центарот за астрофизика на Харвард-Смитсонијан, „огромен дел од нејзината маса се состои од вода“ и дека „високите температури и високите притисоци ќе формираат егзотични материјали како „топол мраз“ или „суперфлуидна вода“.

7. WASP-12b

WASP-12b е далеку најжешката егзопланета што некогаш била откриена, со просечна температура од околу 2.250 °C. Ова се должи на нејзината непосредна близина на ѕвездата, бидејќи е на само 2.115.000 милји е 44 пати поблизу од Земјата до сонцето. Поради нејзината исклучително блиска орбита до својата ѕвезда, таа има една од најниските густини за егзопланетите (“надуени” од енергијата од ѕвездата). На планетата и е потребно околу еден ден да орбитира околу ѕвездата, за разлика од Земјата да орбитира околу Сонцето за 365 дена.

8. WASP-17b

WASP-17b е многу уникатна планета, Тоа е првата планета откриена која има ретроградна орбита, што значи дека орбитира во насока спротивна на ротацијата на нејзината ѕвезда, нешто што кај ниедна друга планета никогаш не било забележано. Ова откритие ја оспори традиционалната теорија за планетарна формација. Во однос на дијаметарот, WASP-17b е една од најголемите откриени егзопланети и е слична со масата на Јупитер. На 3 декември 2013 година, научниците кои работат со вселенскиот телескоп Хабл известија за откривање вода во атмосферата на егзопланетата.

9. HD 188753

Оваа планетата престојува во „троен систем на ѕвезди”.  Ова значи дека HD 188753 е планета која орбитира околу ѕвезда, која орбитира околу ѕвезда, која орбитира околу ѕвезда. Од Технолошкиот институт во Калифорнија изјавуваат дека “поглед на небото од оваа планета ќе биде спектакуларен, со повремено троен зајдис. Досега не е потврдено тоа дали планетите можат да се формираат во такви гравитациски комплексни системи.

10. Gliese 581c

Сосема веројатно најпознатата планета на оваа листа, e Gliese 581c која во 2007 година беше прогласена за потенцијално гостопримлива планета со прекарот “Супер – Земја”. Gliese 581c има маса што е неверојатно 5 пати поголема од онаа на Земјата. За жал, понатамошните истражувања покажале дека само едната страна од планетата се соочува со својата ѕвезда, оставајќи го остатокот од во темнина.

Извори:
ba-bamail.com
express.co.uk
wikipedia.org

Изработи: Драгана Ефтимова, студент на Институт за географија

Оваа статија е прочитана 1707 пати!

Од категорија: Вселена · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger